Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

Се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните

Минималната синдикална кошничка прв пат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари.

Речиси 3 минимални плати или една просечна и една минимална му се потребни на едно четиричлено семејство за врзе крај со крај во месецот. Трошоците за живот во април порасна за 1.200 денари и сега изнесуваат 60.212 денари. Во уште потешка состојба се семејствата кои плаќаат ќирија во просек за стан од 60 квадрати. Ним да го истуркаат месецот им се потребни над 75 илјади денари.

- За жал работниците во Македонија од месец јануари до месец април се посиромашни месечно за некаде околу 3000 денари или за 50е. Психиолошката бариера од 60.000 денари, новата пресметка на синдикалната минимална кошничка сигурно ја поминува и тоа треба да биде црвен картон за сите оние кои се сомневаа во пресметката на синдикалната минимална кошничка и укажуваа дека работниците во Македонија можат да преживеат со далеку помалку.- Слободан Трендафилов – претседател на ССМ

Од пекарската индустрија велат дека иако во моментов цената на лебот е стабилна, таа би можела да претрпи измени во зависност од тоа како би се развивала состојбата со воените конфликти на Блискиот исток и во Украина.

- Војната што се случува во близина и Блискоисточната војна која што директно се рефлектира на цената на нафтата. Исто така не знаеме во Русија и Украина каква ќе биде жетвата, што ќе се случува со производството на жито, повеќе параметри се кои влијаат на финалната цена и сметаме дека во овој момент ќе имаме стабилна цена на лебот.

Токму поради незадоволството од ниските плати и зголемените трошоци за живот ССМ организира Работнички протест на 1ви мај, кој ќе започне од 11 часот пред Работничкиот дом и ќе заврши пред Владата. Трендафилов посочува дека барањата кои ќе бидат упатени од протестот ќе бидат враќање на надоместокот за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра.

Нема одговор од МЗ дали е сменет директорот Петровски од Клиниката за токсикологија

Медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски се уште го нема добиено отказот од Министерството за здравство. 

Од министерството не дадоа одговор дали Петровски ќе биде променет од прв човек на токсикологија, бидејќи не потпишал 18 лица со договор на дело што истекол на 31.12 да продолжат да работат. Економската директорка засега нема да биде променета иако од министерството не одговорија: Економската директорка направила долг во клиниката и дали имало проблем во работењето на кадар кој не бил вработен а учестувал во медицинската дејност?

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за здравство побара да се спроведе вонреден инспекциски надзор во Универзитетската клиника за токсикологија - Скопје во врска со статусот на 18 ангажирани лица кои добија согласност од Министерството за финансии, со цел да се утврди фактичката состојба. За оваа постапка нема прекршување на законски надлежности и по добиениот извештај од надлежните инспекторати ќе се постапи согласно законските прописи.

Од друга страна Канал 5 доби документ од Министерството за финансии каде се вели дека во време на распишување на избори не може да се вработуваат лица. Медицинскиот директор вели дека на токсилогија и се потребни биолози, кадарот за кој се бара продолжување и кадар кој би работел во ургентен центар, но засега нема ниту најава за негово функционирање а не за вработување.

Канал 5 доби и информација од ДСЗИ каде посочуваат дека за време на побараниот надзор во клиниката биле затекнати лицата кои не им биле продолжени договорите и издале решение дека за пет дена тие не смеат да се појават на работа на токсикологија.

притисни ентер