СДСМ: Преку договорот се отвораат перспективите на македонија за членство во ЕУ и НАТО

СДСМ им го честита на граѓаните потпишувањето на договорот со оценката дека Македонија се издигнала над политиките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, македонската иднина обезбедена.

Преку Договорот се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани. Денеска е потпишан Договор којшто обединува и гради пријателство.

Конечниот Договор за решавање на спорот со Грција еднаш засекогаш го обезбедува и гарантира нашиот, македонски идентитет, кој веќе никој нема да може да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш.

Македонија веќе нема генерации за губење. На референдум, согласно законите и Уставот, граѓаните ќе кажат ДА за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, сопштува социјал демократскиот сојуз .

Драматична ситуација со пожарите во Пијанечко-малешевскиот регион

Драматична е ситуацијата во Пијанечко-малешевскиот регион каде во текот на целиот ден не стивнуваат пожарите...

Има информации дека зафатени се куќи, а дел од населението во селата е евакуирано.

Во гаснењето на пожарот требаше да учествуваат и пет хеликоптери, но тие се повлечени поради топлото време.

На терен го имаме Михаил Милиошевски,

Безос веќе не е најбогат на светот, го престигна францускиот милијардер Арно

Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот.

Имено, неговата вредност падна за 13,9 милијарди долари за само еден ден, бидејќи цената на акциите на Амазон минатата недела нагло паднале за 7 проценти, откако компанијата објави помалку очекуван раст во вториот квартал.

Падот на вредноста на Безос му овозможи на Французинот Бернар Арно да го заземе првото место на листата на најбогатите. Арно го води конгломератот за луксузни производи LVMH, чии подружници се Louis Vuitton, Sephora, Moet & Chandon и Tiffany & Co.

Арно го зголемил своето богатство за речиси 100 милијарди долари во текот на првата година од пандемијата. Нето богатството на Арно во понеделникот изнесувало 195,8 милијарди долари , наспроти 192,6 милијарди долари на Безос.

Безос минатата година влезе во историјата како прв човек вреден над 200 милијарди долари, бидејќи Амазон имаше огромни добивки од пандемијата. Двајцата милијардери се бореле за првото место во текот на мај и јуни оваа година, но неодамнешниот пресврт стави крај на 50-дневната трка на Безос за врвот. Во светот има вкупно 2.755 милијардери, од кои 86 проценти се побогати отколку пред една година.

Град Скопје испраќа противпожарни единици за справување со пожарите

А на помош за справување со пожарот во Пијанечко-малешевскио регион испратени се и екипи од противпожарните екипи во Скопје.

Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов за Канал 5 изјави дека доколку има потреба ќе бидат испратени дополнителни пожарникари и опрема. Тој се надева дека пожарот во пехчевско ќе биде наскор изгаснат , како што беше случајот со оној во близина на Кочани пред два дена.

3 екипи пожарникари со 3 возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со 3 цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите.

притисни ентер