Светски агенции за договорот меѓу Македонија и Грција

Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на спорот за името.

Франс Прес:

Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на спорот за името

Грција и Македонија потпишаа историски прелиминарен договор за преименување на малата балканска нација Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот што ги отру односите меѓу двата соседи од 1991 година ... Договорот има за цел да почне да го одмотува еден од најдолгите - и дефинитивно најапсурден - дипломатски спор, кој почна пред 27 години кога Македонија прогласи независност.

Ројтерс

Грција и Македонија потпишаа договор за промена на името на поранешна југословенска република

Договорот, потпишан на Преспанското езеро во северна Грција, кое се граничи со Македонија и со Албанија, е надеж дека ќе ги реши речиси тридецениските разговори меѓу двете страни за името на младата балканска држава. Се уште треба да биде одобрен од страна на двата парламента, а во Македонија и со референдум.

Би-Би-Си

Спор за името во Македонија: премиерите гледаат како министрите потпишуваат историски договор

Грција и Македонија потпишаа договор кој има за цел да се реши деценискиот спор околу името на Македонија. Според договорот, соседот на Грција ќе биде познат како Северна Македонија.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека тоа е „храбар, историски и неопходен чекор за нашите народи“. Договорот се уште треба да биде одобрен од парламентите и на референдум во Македонија.

Националистите од двете страни велат дека го уништува нивниот идентитет.

Асошиејтед прес

Грција и Македонија потпишаа договор со кој завршува долгогодишниот спор околу името

Грција и Македонија потпишаа договор со кој, доколку биде ратификуван, ќе се реши деценискиот спор во врска со името на Македонија.

Според договорот, северниот сосед на Грција ќе биде преименуван во Северна Македонија – чекор за кој лидерите на двете земји рекоа дека ќе биде почеток на поблиски, пријателски односи и пример за сите балкански држави. Договорот, исто така, ќе и овозможи на Македонија да се обиде да влезе во НАТО и во Европската унија.

ДПА

Грција и Македонија потпишаа историски договор за името

Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на речиси тридеценискиот спор околу името Македонија, отворајќи го патот за поранешната југословенска република да влезе во НАТО и да почне да се движи кон членство во ЕУ.

Министрите за надворешни работи Никос Коѕиас од Грција и Никола Димитров од Македонија го потпишаа документот во Псарадес, на брегот на Преспанското Езеро, кое е поделено меѓу двете земји и Албанија.

- Ова е историски чекор. Нашите земји го оставаат минатото зад себе и гледаат кон иднината, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

- Каков прекрасен, славен и историски ден, рече неговиот македонски колега Зоран Заев пред потпишувањето. /МИА

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер