Многумина погрешно го полнат мобилниот телефон - ова е правилниот начин!

Нека батеријата на вашиот мобилен телефон подобро работи и подолго трае.

Можете да верувате во ова и не морате, но едно е сигурно – експертите од  Battery University научно докажаа дека ако ги следите овие совети батеријата на телефонот ќе ви трае подолго и ќе го сочува најголемиот дел од својот капацитет и по голем број на полнења.

Според истражувањето кое го објави спомнатата компанија, Литук – јонските и литиум – полимерските батерии, кои најчесто се користат во современите мобилни телефони, уреди и гаџети не се отпорни на „стрес“, а некои од секојдневните навики токму тоа им го прават на батериите – „ги стресираат“. За време на голем стрес батериите губат капацитет и стануваат со пократко оперативно време.

За да подолго имате квалитетна батерија следете ги следните совети:

1.Ако сте ја наполниле батеријата, исклучете ја од полначот – ќе заштедите малку пари кои би ги потрошиле за струја, ќе дадете придонес за зачувување на планетата и батеријата ќе ја изложите на помал стрес

2.Полнете ја батеријата кога ќе стигнете не чекајте да се испразни.

3.Прекинете го полнењето пред да биде 100 отсто наполнета – ќе и учините услуга на батеријата.

4. Не го изложувајте телефон на голема топлина, но ни претеран студ – дури и Apple во iPhone упатството им препорачува на корисниците во текот на полнењето да ја извадат заштитната маска и футрола за да материјата полесно се ослободи од вишокот топлина.

Во пораст бројот на заболени од дијабетес, регистрирани 120 илјади пациенти

-Бројот на заболени од дијабетес во Република Македонија е во пораст. Од 120.000 пациенти со дијабетес, 40.000 примаат инсулинска терапија.

 Според податоците, во 2015 година преваленцата на дијабетесот изнесувала пет проценти, а во 2017 година – шест проценти. На еден дијагностициран постои еден кој не е дијагностициран и не знае дека ја има болеста, истакна директорката на Универзитетската Клиника за ендокринологија, Саша Јовановска Мишевска на одбележувањето на 14 Ноември, Светски ден на дијабетесот.

Посочи дека секојдневно се соочени не само со пациенти со дијабетес, туку и со голем број комликации (на срцето и големите крвни садови, бубрезите, оштетување на видот) кои ги носи болеста.

– Наша основна стратешка определба е да помогнеме што порано да може да се детектира дијабетесот за навреме да почнеме со адекватна и навремена терапија, а со тоа и да ги намалиме компликациите кои болеста ги носи. На ниво на примарното здравство се спроведува и систематски скрининг на лицата кои се во ризични категории (возраста, дебелината и недоволната физичка активност) да развијат дијабетес. Матичниот лекар треба да укаже категоријата која е во ризик задолжително да направи скрининг тест за откривање дијабетес, потенцира Јовановска Мишевска.

Додаде дека 75 проценти од здравствените фондови се трошат за компликациите од дијабетесот и очекуваат дека со промовирање здрав начин на исхрана, со намалување на факторите за ризик кои доведуваат до развој на дијабетесот ќе успееме и да ги намалиме компликациите.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев ја истакна нивната целосна посветеност во обезбедувањето квалитетна инсулинска терапија за лекување на болните од дијабетес. Во тек е тендерската постапка за обезбедување на годишните количини на инсулинска терапија за болните и воведување три нови типови инсулин од најнова генерација меѓу кои еден е за деца до 14 години, а тоа е Тресибата.

– Во Македонија 500 деца на возраст до 14 години се заболени од дијабетес. Следен чекор е обезбедувањето сензорни мерачи на шеќер во крвта што ќе помогне во контролата на гликемијата кај децата и кај бремените жени кои го имаат гестацискиот дијабетес. Министерството за здравство од оваа година го укина паралелниот увоз на инсулинот со што ќе обезбедиме квалитетен инсулин, бидејќи имавме одредени сомнежи и во квалитетот и транспортот на инсулинот до веледрогериите околу обезбедувањето на ладниот ланец, додаде Милошев.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Бојан Киров истакна дека ќе има инсулини со проверени сертификати од оргинаторните компании.

– Од јануари ќе почне испораката на новите глукометри (апарати за мерење шеќер во крвта) и новите ленти за нив. Дијабетичарите ќе можат да бидат сигурни во точноста на резултатите од мерењето со тие апарати. Се проширува листата на инсулини. Инсулинската криза заврши летоска и оттогаш нема недостиг. Со новиот тендер за набавка на инсулин, кој е при крај, добивме ветување од Министерството за здравство дека дистрибутерите ќе бидат обврзани покрај тековните месечни количини што треба да бидат дистрибуирани, во секое време да има еден месец резерва на сите видови инсулин, додаде Киров. 

Романец купил половен креденец со 95.000 евра во него

Романецот Самуел Станичи кој купил половен креденец од популарен онлајн сајт пронашол во него 95.000 евра и веднаш ги вратил парите.

Неговата сопруга Адела Саничи за „АП“ изјавила дека нејзиниот сопруг, кој инаку е градежен работник, ја повикал во собата и и рекол: „Погледни што најдов“, покажувајќи и банкноти од 500 евра во металната кутија.

Според нејзините зборови, заедно ги изброиле парите, не можеле да спијат цела вечер и помислиле дека станува збор за некоја замка и дека мораат да ги вратат парите.

Нејзиниот сопруг отпатувал во градот каде што живеел сопственикот, кој му рекол дека креденецот му припаѓал на неговиот неодамна починат татко.

Станичи рекла дека сопственикот не знаел за парите и оти ги наградил поради чесноста не прецизирајќи колку пари им дал.

Украл две кози и јарец, ги внел во париското метро и предизвикал хаос (видео)

Човек кој денеска во париското метро внел две кози и еден јарец предизвикал хаос во подземниот сообраќај поради што морале да интервенираат и припадниците на безбедносните сили, пренесува весникот „Паризиен“.

Козите и јарецот против својата волја се нашле во метрото, бидејќи претходно пред музејот на Лувр ги украл еден бездомник. Козите биле дел од проектот на градските власти на Париз животните да бидат на тревникот пред Лувр.

Припадниците на обезбедувањето на метрото сепак многу се намачиле од возот на метрото да ги извадат козите и јарецот, па така на крајот морале да дојдат и полициски единици со посебна опрема.

 

Парижаните кои се нашле на станицата или во возот го снимиле настанот и го поставиле на социјалните мрежи оставајќи шеговити коментари иако некои задоцниле на работа бидејќи сообраќајот на таа линија скоро еден час бил во прекин.

притисни ентер