Фити: Не е лесно да се промени името, но мораме да знаеме по кој пат треба да се движиме

Постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција по однос на прашањето за името е компромисно решение, со отстапки на кои мораа да се согласат и двете страни.

Постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција по однос на прашањето за името е компромисно решение, со отстапки на кои мораа да се согласат и двете страни, но Македонија нема развојна парспектива надвор од Европската унија и членството во НАТО, оцени денеска во Охрид претседателот на Македонската академија на науки и уметности Таки Фити.

- Ова е компромисно решение што наметнува отстапки и како такво предизвикува незадоволство и кај двете страни. За МАНУ и за сите граѓани на Македонија особено значајно беше да се зачуваат идентитетските прашања. Македонскиот јазик, националноста, нашата култура и традиции и фактот што Грците ја признаваат нашата посебност, посебноста на македонскиот јазик како дел од групата јужнословенски јазици, сметам дека е добро, изјави Фити.

Коментирајќи го договорот за името потпишан денеска во Псарадес, тој потсети дека МАНУ во однос на прашањето за името имала јасни ставови поместени на нејзината интернет-страна, како и оти Академијата учествувала во подготвувањето на аргументацијата околу преговорите на двете страни, особено по оние прашања што се третираа како црвени линии од страна на Грција.

Фити укажа на потребата Македонија да остане доследна на изборот да биде дел од евроатлантските интегративни процеси.

- Сите ние моравме да проголтаме едно горчливо апче, бидејќи не е лесно да ви се промени името, но на крајот на краиштата ние знаеме што сакаме и знаеме по кој пат треба да се движиме. Не можеме да останеме во оваа ситуација - 27 години заробени во однос на евроатлантските интеграции бидејќи Македонија не може и нема своја развојна перспектива надвор од ЕУ. Гледано економски, ЕУ е најголемата економска интеграција во светот со над 500 милиони луѓе, висок доход и пазар со голема апсорпциона моќ. Унијата креира 25 отсто од светскиот бруто доход, учествува со 33 отсто во светската трговија, 30 проценти од сите светски знаења се концентрирани во ЕУ. Македонија со два милиони жители каде ќе ги продава своите производи ако нашиот пат не е кон евроатланстките интеграции и воопшто кон големиот пазар, нагласи Фити.

Тој додаде дека сепак на крај одлуката по однос на договорот ќе ја донесат граѓаните на референдум. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер