ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот се прави неповратна штета на државата

Зоран Заев е најголемото оружје што досега го имала грчката страна во преговорите за името.

Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создацаат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот македонец и македонско.

Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина.

Македонија не заслужува да згасне на нечесен начин, поради скриени сомнителни интереси на Зоран Заев кој бесрамно распродава нешто што не е за продавање.

Не се виновни претходните генерации што ние денес живееме во Македонија, тие се наша гордост, но ако се откажеме од нив ние ќе бидеме нивниот срам. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на овој капитулантски договор.

Ова е договор со кој во сто проценти се исполнуваат сите грчки барања. Со договорот Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет.

Зоран Заев е единствениот политичар во Светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ. Со ова Заев се става во темната страна на историјата на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13:30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до плоштадот Гоце Делчев пред Домот на културата.

Ова е можност да се покаже подготвеност и несогласување со недржавничките и поразителни политики на оваа влада предводена од Заев која освен штета не направи ништо корисно за Република Македонија. /МИА

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер