Трет ден жестока дебата во грчкиот парламент

Власта и опозицијата во Грчкиот парламент трет ден жолчно дебатираат за доверба на владата на Ципрас.

Во фокусот на Договорот со Македонија. За поранешниот премиер Андонис Самарас со вакво решение се отвораат уште полоши проблеми бидејќи се признаваат и македонска националност и македонски јазик.

– Овој договор, или нема да издржи или ќе предизвика експлозии и Грција ќе се најде во полоши позиции. Го отвора патот за интеграција на Скопје во НАТО, го прескокнавте грчкото ветото и не решивте ниту еден проблем. И сложеното име воопшто не е ни непреведено, како што лажно тврдеше премиерот, ќе биде преведено. И нема да биде ерга омнес, како што исто така лажно тврдеше,. За нивното државјанство ќе имаме, внимавајте, тројно име, затоа што како што предвидува член 3, поинаку ќе се викаат на меѓународно ниво - Македонци, граѓани на Северна Македонија, поинаку ќе се викаат во Грција – граѓани на Северна Македонија и поинаку во внатрешноста на Скопје – само Македонци, рече поранешниот грчки премиер, Самарас.

Според портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос со договорот, се затвора векот на Големи идеи, на национализми, на екстремизми и ескалации.

- ВМРО-ДПМНЕ го нарекува господинот Заев предавник. Нова демократија и господинот Мицотакис го нарекуваат господинот Ципрас предавник. Прашањето е, на крај кој од двајцата е предавник? Господинот Ципрас или господинот Заев? Никој од нив двајца не е предавник, дами и господа од опозицијата. Едноставно, конечно се најдоа двајца лидери со малку мозок во нивните глави за да стават конечен крај на еден спор што лишуваше дипломатски и политички капитал од Грција, но и од Балканот. Се најдоа двајца лидери, конечно да го затворат поглавјето на националистичка ескалација и на приврзаниците на Големата идеја кои не се однесуваат само на нашите соседи, туку се однесуваат и на вашите големи идеи и на вашите националистички апсурди, рече Ѕанакопулос, обраќајќи се до опозициската Нова демократија.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, не е изненаден од дебатата во грчкиот парламент бидејќи според него ова прашање постојано се користи за домашна политичка битка.

А во пресрет на утрешното потпишување на Договорот и грчката и македонската јавност во очекување на Бомбите за името,,,, што ги најави грчкиот министер за надворешни работи Никос Козијас. Медиумите повикувајќи се на владини извори јавија дека по наредба на шефот на дипломатијата околу 30 доверливи документи поврзани со преговорите за името ќе бидат декласифицирани и Козијас во парламентот ќе открие дека претходниците преговарале со помеки позиции... И високиот партиски функционер на ДУИ Артан Груби неодамна за Канал 5 кажа дека и постојано се преговара за името но не вака транспарентно како сега.

Според досега изнесените ставови, не се очекуваат изненадувања. Пратениците на СИРИЗА и Независни Грци ќе гласаат против предлогот на Нова демократија, а Владата нема да добие недоверба.

На Британец му извадиле бубрези, тешки рекордни 35 килограми: Можам да дишам (ВИДЕО)

Ворен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите. Зафаќа едно лице од 1.000 и нема лек.Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордно големи.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.Се верувало дека стариот рекорд изнесувал 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 милји дневно.

Во Романија нема места на ооделите за интензивна нега, пациентите лежат на душеци на подот

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус денеска се регистрирани во Романија, а болничкиот систем достигнал точка што нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците. Мртовечниците работат со полн капацитет.

"Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи", рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%. Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.

Условите за избор на Мис на Франција ги шокираа кандидатките, подготвија тужба

Француските активистки за правата на жените поднесоа тужба против организаторите на изборот Мис Франција за дискриминација, пренесува порталот Франс инфо.

Групата Osez le féminisme (Осмели се за феминизмот) со три одбиени кандидатки ја обвинија Мис Франција и Ендемол за дискриминација на работа. Тие тврдат дека е неприфатливо условот за избор да е висината над 170 сантиметри, кандидатките да не се во брак и да се „претставнички на убавината“.

„Според францускиот закон, забранет е секаков вид дискриминација врз основа на возраста, моралот, физичкиот изглед и семејниот статус“, изјавила за АФП Виолан Де Филипис-Абате, адвокат на групата „Осез ле феминисме“.

Но, прашање е дали француските натпреварувачки можат да се третираат како вработени. Имено, тие потпишуваат договор, но тоа не е договор за вработување. Француските медиуми пишуваат дека тужителите сега се повикуваат на судската одлука од 2013 година, кога поранешниот кандидат за г -дин Франција ги тужел организаторите од слични причини.

притисни ентер