Сладолед диета:Слабејте со омилениот летен деликатес

Не е вообичаено да си го расипувате одморот со диети, но да слабеете со сладолед и не е некое одрекување.

Неверојатно е дека сладоледот може да помогне за слабеење, но бидејќи лесно се вари и е богат со белковини, претставува производ кој може да замени ручек или лесна вечера.

Каков сладолед да изберете?

Треба да заборавите на банана сплит и слични големи оброци од кои секој содржи повеќе од 1000 калории. Овошниот сладолед има 160, а млечниот 240 калории.

Сладоледот е многу хранлив. Млечниот содржи многу белковини, шеќер и масти, а овошниот многу витамини, минерални материи и растителни влакна. Предноста на млечниот сладолед е што содржи калциум, што го прави идеална храна за жените бидејќи го одржува здравјето на коските и спречува остеопороза.

Диета со 1600 – 1800 калории дневно

Понеделник

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед во корнет, 2 кајсии или една праска

Вечера: чинија пршута или шунка (80 гр) со брокула и малку сирење, интегрално пециво или 2 парчиња леб, зелена салата зачинета со маслиново масло и сок од лимон

По вечерата: 2 топки млечен сладолед

Вторник

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: тост сладолед, 2 кајсии или една праска

Вечера: чинија тестенини (70 гр) со свежи домати, маслиново масло и босилок, житни снегулки со млеко, моцарела, салата од домати зачинета со маслиново масло

По вечерата: овошна салата со топка овошен сладолед

Среда

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед на стапче, 2 кајсии или 2 праски или 2 сливи

Вечера: чинија козјо сирење (80 гр) со домати, интегрално пециво или 2 парчиња леб, печена пиперка зачинета со маслиново масло

По вечерата: 2 топки сладолед со малку шлаг

Четврток

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед во корнет, банана или 2 кајсии или 2 праски

Вечера: чинија супа од зеленчук со ориз (60 гр), 4 парчиња пршута (70 гр) или шунка, салата од моркови или зелена салата, зачинета со маслиново масло и лимон

По вечерата: шолја шумско овошје со топка сладолед

Петок

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: чаша овошен сладолед, 2 парчиња диња или 1 парче лубеница

Вечера: бела риба на скара со магдонос и малку масло, мешан зеленчук на скара (домат, тиквички, пиперка) со малку масло, интегрално пециво или 2 парчиња леб

По вечерата: леден колач

Сабота

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед на стапче, една шолја цреши или 2 праски или 2 кајсии

Вечера: салата од морски плодови (150 гр), рижото (80 гр) со риба и морски плодови, зелена салата или морков зачинети со маслиново масло

По вечерата: ладен млечен напиток со лимон

Недела

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: Сендвич сладолед, банана или 2 праски или 2 кајсии

Вечера: тестенини (80 гр) со зеленчук и маслиново масло, фета сирење (60 гр) и лист салата, салата од домати или моркови со малку маслиново масло

По вечерата: 2 топки сладолед со кафе

Бараат ли Албанските политичари загарантирана „7ца на Лото“ за следното коло на 15 Јули?

Колку наивно да изгледа, „политичкото“ барање на ДУИ за етнички Албанец премиер, на кое се надоврзаа и Села и Тачи, треба да ги загрижи сите останати политички структури и граѓани во Македонија.

Барањето за „етнички Премиер“ на ДУИ, и последно објаснување на Бујар Османи во минатото издание на Само Интервју наликува на аналогија со игра на Лото.
Луѓето си уплатиле ливчиња ( албанските партии се пријавиле за учество на избори ), легитимно и чесно, секој може да „игра Лото“, а уплатата е за следното „коло“ на „Лото“ закажано за 15 Јули, при што велат - ако нам не ни падне „седумката“ , тој што ќе има најмногу среќа „ да победи на изборите“, односно да му се падне „7ката“ нема да може да се израдува на „наградата“...или добитникот ќе ни ја даде наградата , или ние ќе си направиме „наше Лото“, а дури може и да се „истепаме“ - што би кажал Мендух Тачи вечерва, дека ако нема Влада без Албанците, можно е повторно да има војна.
Латентно, бенигно, дел од албанските политичари ни праќаат политичка но и општествена порака дека после 15 јули можно е да се случи поделба на : „ние„ и „вие“, нешто што се нарекува Бинационална држава или федеразлиација на Македонија
Чудно е што институциите како што се ОЈО, МВР и др. се прават и „глуви и слепи“ на канонадата на заканувачки изјави на дел од албанските политичари , кои велат - зошто Македонците треба да имаат ексклузивитет за политичката позиција Премиер, и ако не се случи тоа , не се знае како ќе „заврши“ целиот тој изборен процес?
Дополнително, малку и вознемирува што останатите етнички партии, пред се македонските, турските, српските, босанските,речиси воопшто не реагираат на овие типични и класични „закани“, кои воопшто не смеат да се сметаат само како ефтин „политички маркетинг“. Искуството едноставно тоа ни го кажува, искуството од блиското минато, особено последните 4 години.

Дали тоа дел од Албанските политичари ги „будат духовите“ од 2001, останува да се види после изборите на 15ти Јули, но сакајќи или не се поставува следново прашање:
Што доколку не се „падне 7ката“, на следното „коло на Лото“ на 15 Јули, туку има двајца добитници на „6ка“, и тоа двајца Македонци?
Ќе биде ли некој од нив, двајцата добитници на „6ка“, политички доблесен и дали ќе ја подели наградата од “6ката“ со некој кому не му се паднала ниту „4ка“?
Стануваме ли полека „Лото држава“, во која 7цата не е “главната награда“ туку „4ката“?

15 Јули е блиску...ќе биде многу интересно, особено за коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите во Белград насилно влегоа во зградата на Собранието, има повредени (ВИДEO)

Илјадници демонстранти , кои протестираат против новите рестриктивни мерки што ги најави претседателот Александар Вучиќ , упаднаа насилно во зградата на Собранието.

Со повици и запалени факели , десетици демонстранти влегоа насилно во згрсдата на парламентот. Полицијата кон нив фрлаше солзавец , но сепак не успеа да ги спречи .

Во судирот со полицијата има и повредени граѓани , но нивуот број засега не познат . Се знае дека полицијата почнала да приведува дел од демонстрантите кои упаднале во зградата на Собранието.

Околу 22 часот илјадници српски граѓани се собраа во близина на зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот на земјата, Александар Вучиќ, дека ќе бидат вратени драстичните мерки, вклучително и враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на отворено.

Хаос во Белград: Илјадници излегоа против полицискиот час на Вучиќ , полицијата употреби солзавец (ВИДЕО)

Илјадници српски граѓани се собраа во близина на зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот Александар Вучиќ, дека ќе бидат вратени драстичните мерки, вклучително и враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собирање .

Граѓаните се собраа во близина на српскиот парламент и го запреа сообраќајот на платото пред зградата на парламентот. Најпрво имало неколку стотици , а тој број се зголеми на неколку илјади во текот на вечерта.

Луѓето извикуваат „Вучиќ крадецу“, „Вучиќу пе**ру“, „Оставки“, „Предавство“, свиркаа и некои удараа со тенџериња.

Поединци исто така извикуваат „Косово е срцето на Србија“, „Не сакаме мигранти“.

Околу 22:10 часот, демонстрантите тргнаа кон зградата на парламентот. На платото пред зградата на Собранието, тие запалија факели и почнаа да се пробиваат во зградата. Дел од нив успеаја, по што оклопната полиција интервенираше и успеа да ги избрка од парламентот.

Илјадници луѓе сега се пред зградата на Собранието, а кордон на полицијата е пред вратата во целосна подготвеност.

притисни ентер