Ова треба да се знае: Бројките на етикетите на овошјето и зеленчукот откриваат дали е органско или полно со пестициди

Многумина од нас  не обрнуваат внимание на лепенките на кората од овошјето, туку инстиктивно ги вади пред јадење.

Дури и кога ќе ги забележат, ретко кој знае што тие декларации значат. Но, тие не се таму без причина, објаснуваат експертите.

Освен евентуалниот назив на произведувачот, на декларацијата треба да се наоѓа и број кој открива важни податоци за начинот на одгледување на тоа овошје.

Лепенка со четири бројки

Ако овошјето има декларација со четири бројки и почнува со бројот 3 или 4, значи дека е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво, односно според земјоделските правила кои важат во последните педесетина години. Лимонот, на пример, е означен со бројот 4033, додека бананите ги носат броевите 4011.

Лепенка со пет бројки

Ако овошјето на себе нема четири тук пет бројки од кои 9 е првиот број, тоа значи дека е органски одгледувано. Таквата декларација гарантира дека овошјето е одгледувано без ѓубриво и пестициди. На пример, органски одгледувани банани ја носат бројката 94011.

Првата бројка на декларацијата е 8

Ова можеби е и најважната декларација која претставува овошје кое е гентски модифицирано, а се препознава врз основа на пет броеви од кои првиот е секогаш 8. На пример, таквите банани имаат на себе број 84011.

притисни ентер