По судски пат Сојузната држава Њујорк бара затворање на хуманитарната фондација на Доналд Трамп , со обвинение дека е ,,празна школка “ , која делува против законот. Главаната обвинителка Барбара Андервуд тврди дека претседателот Трамп ја користел фондацијата за лични цели , како и за ,,нпримерни и распространети политички активности “ , како за време на изборите во 2016 кога токму преку оваа фондација биле собрани 2,6 милиони долари.
,,Како што покажа нашата истрага , Фондацијата Доналд Трамп беше само малку повеќе од чековна книшка за исплата на Трамп и неговите компании за непрофитните здруженија , без оглед на нивната цел или законитост”, соопшти обвинителката.
Обвинението особено се занимава со собирање донации за ветерански организации во Ајова на 28 јануари 2016 , на само неколку дена пред почетокот на кампањата во таа држава . Обвинителката бара десетгодишна забрана за Трамп да биде директор на каква и да било непрофитна организација во Њујорк ,како и едногодишна забрана за неговите деца , Иванка и Ерик Трамп.
Претседателот Трамп на твитер обвинението го нарече смешно и апсурдно. Тој вината ја префрли на досегашниот главен обвинител на Њујорк , Ерик Шнајдерман , кој минатиот месец поднесе срамна оставка под сомнение за физичко злоставување на повеќе жени .
Трамп најави дека нема да се спогодува со обвинителството.