СДСМ: Дилемите се одамна затворени, граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор

Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси.

Нема дилеми - Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Нема дилеми – Договорот ги отвора перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, напредокот, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Нема дилеми – обврските на македонската и грчката страна се јасно дефинирани во Договорот кој што е во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното и домашното право и ќе биде ратификуван од двете страни.

Мицкоски да нема дилеми, тие се одамна затворени, граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор! /МИА

Стоилковски: Апел за помош, Стојанче, не се гаси пожар од канцеларија со мебел и мобилни

Се уште беснеат пожари, она онде зад мене каде што светат светлата е селото Умлена, од каде што цел ден повикуваат на помош, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Зад Умлена се гледаат поажрите, се гледа и огромен чад зад целата планина, таму веднаш од другата страна се наоѓа Пехчево, а од овдека се наоѓа Берово.

И по неколку дена беснеење на пожари, и по неколку дена предупредувања од сета јавност за неспособноста и за негрижата од јавноста, од владата, од незадоволството за реакциите за шумските пожари, и по цел ден повици од Умлена дека може да изгори селото никој досега не дошол на помош и никој досега не почнал да гаси овдека зад мене каде што гори цела планина.

Апелите од Умлена ме донесоа мене како претставник од ВМРО-ДПМНЕ, тука кај Умлена да повикам на совест кај дел од Владата, да го повикам на совест Стојанче Ангелов наместо цел ден да трча по телевизии за да се правда себе и Зоран Заев затоа што не делуваше кај Кочани да го види ова зад мене и веднаш да упати помош при гаснењето и справувањето со оваа огнена стихија.

Ова што се случува е срамно. Ова што се случува е покажување на целосна неподготвеност на државата да одговори соодветно пред она што се вели елементарна непогода.

Стојанче Ангелов треба добро да знае дека канцелариски мебел и мобилни телефони не е тоа што го гане пожарот, туку канадерите кои две гофини не се сервисирани, а Владата купувала и плаќала гориво за нив, пожари не гаснат мобилни течефони, не гасне канцелариски мебел ниту пожари се гаснат од владина седница. Пожари се гаснат тука на терен.

Ова што го гледам зад мене, а е километри подалеку е срамно и е срам за оваа држава.

Во Белгија уапсени 40 лица од Романија, Бугарија и Украина поради фалсификување цигари

Белгиските цариници денеска ја започнаа својата најголема операција против фалсификувани цигари, со претреси на 10 илегални локации и уапсиле најмалку 40 лица.

Меѓународните банди ја претворија Белгија во производствен центар за лажни цигари, лажно спакувани како водечки брендови и се продаваат без данок во соседните земји, особено во Британија.

Во индустрискиот парк во Аарцелаар, на главниот пат кон пристанишниот град Антверпен, полицајците уапсиле 18 мажи во рацијата пред зори во магацин без ознаки.

Осомничените, од источна Европа, живееле во работнички дом во фабриката, работејќи на смени за да го исушат тутунот, а потоа го пренесуваат преку машини за валање цигари.

Некои спиеле во своите кревети кога вооружените полицајци упаднале, додека други управувале со машините.

„Додека ова депо работеше 24 часа на ден, работниците никогаш не ја напуштија фабриката, за да не го предупредат соседството“, рече Флоренс Анџеличи, портпарол на белгиското министерство за финансии задолжена за царинската служба.

Зад неа, во поделен дел од складиштето имало неуредни бункети, преполни куфери и знаци за набрзина изеден појадок.

„Тие спиеја тука, работеа тука, јадеа овде, се тушираа - не заминуваа со недели, дури и месеци“, рече таа.

Огромна залиха цигари била подготвена за испорака, очигледно во Британија, со пакети што личат на популарните брендови Ричмонд и Марлборо и испечатени со стандардни здравствени предупредувања во Обединетото кралство на англиски јазик.

Вкупно биле пронајдени четири производствени места, заедно со уште шест локации што се користеле за логистика, за да се исецка суровиот тутун или да се складираат резервите како хартија за цигари, филтри и лепак.

Некои од погоните биле во северна Белгија, во Тонгерен, Еекло и Фраснес-лез-Анваинг-близу пристаништето и наводно им служеле на пазарите на бандата во Велика Британија, Франција и Холандија.

Службениците кои го обработуваат огромниот транспорт проценуваат дека заплениле десетици милиони цигари лажно означени како Марлборо, Ричмонд, Принц или Реџина.

Приведените осомничени потекнувале од Украина, Романија и Бугарија.

Кристијан Вандервајрен, генерален директор на белгиската федерална царинска и акцизна администрација, присуствувал на рациите, кои ги опиша како најголемата операција во историјата на неговата агенција.

За него, пресметката на бандите беше едноставна: „Причината што црниот пазар носи многу пари е затоа што даноците се многу високи-акциза и ДДВ“,рече тој.

„Пакет цигари чини околу осум евра, добро, од тоа, шест до седум евра се акциза и ДДВ.

Таа пресметка значи дека пушач плаќа четири или пет евра за пакет на црниот пазар од она што изгледа како нивниот омилен бренд и добива евтина зделка, а бандата го зема својот профит од намалувањето на даночната власт.

Скопското село Кучково од април месец е без вода, жителите со апел до властите

Сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода, пишуваат во апелот жителите од скопското село Кучково .

Ова е сериозен проблем со кој се соочуваме, секој ден се жалиме во општина ама не ни одговараат, а последниот пат не избркаа од општина.

Тука живееме и има над 200 куќи.

Затоа ве замолуваме кога ќе имате време да дојдете во Кучково и да снимите прилог. Немаме друго решение бидејќи само уште вашата помош ни остана.

Тоа ни е последна надеж.

Ве замолуваме да направиме притисок до општина Ѓорче Петров за решавање на овој горлив проблем.

Жители на с. Кучково

притисни ентер