Радев: Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција

Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како што истакна, тоа е важен услов за постигнување на стратешките приоритети - членство во ЕУ и НАТО.

- Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција за името, особено заради тоа што ќе ги отстрани пречките на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, рече Радев.

Бугарската поддршка на договорот за името, како што истакна, е поврзана со стриктно почитување на договорите што Скопје и Атина ги имаат со Софија.

Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов во Софија требаше да се сретне и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, но средбите во последен момент беа откажани.

- Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија. 

Димитров: Преспанскиот договор ги острани пречките со Грција и го отвори патот кон ЕУ

Преспа отстрани пречка во нашите односи со Грција, но истовремено изгради и мост кон ЕУ интеграцијата на нашата земја.

Со Преспанскиот Договор постигнавме нешто што Шуман, еден од идејните татковци на Европската унија би го опишал како "де факто солидарност преку конкретни дела".

Ова го истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на предавањето отворено за јавност, на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија" што го одржа вчера за време на еднодневната работна посета на покана на Универзитетот во Грац.

Како што соопшти МНР, Димитров зборуваше и за реформските чекори кои активно се преземаат на патот кон ЕУ интеграцијата.

За време на посетата на Универзитетот, министерот Димитров оствари средба и со ректорот на Универзитетот, Криста Нојпер. Тој одржа и неформална дискусија со академици и бизнисмени на која се осврна на реформските процеси, а особено на чекорите кои се преземаат во борбата против корупцијата.

На работната средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, беа разменети мислења за европската интеграција на земјата, како и можностите за реализирање конкретни проекти за продлабочување на целокупната соработка помеѓу регионот Штаерска и Република Северна Македонија. За време на престојот, во рамките на своите медиумски активности, Димитров даде интервјуа за австриските медиуми, Клајне Цајтунг и Профил, стои во соопштението од МНР. /МИА.

Овчарите не сакаат субвенции, туку соодветна цена за јагнето

Не ни требаат субвенции, туку соодветна откупна цена за јагнето, велат одгледувачите на овци кои денеска во Министерството за земјоделство трет пат ќе се обидат да најдат решение за критичната, како што велат, состојбата во која се наоѓаат.

Како што изјави за МИА претседателот на здружението „Шарпланинец" и претседател на регионалното здружение на овчари за Западна Македонија, Меџити Амити, цената на јагнето моментно е 120 денари килограм жива мера, а според производните трошоци треба да биде минимум 165 – 170 денари.

-Сите не лажат. Крајно време е веќе да се преземат сериозни мерки за поддршка на овчарството. Ако не добиеме соодветна цена ќе одиме во загуба, ќе ги продадеме овците и ќе преминеме на тутун или на некоја друга култура. Прв јас ќе ги продадам моите 4.000 овци. Субвенции не сакам, нека ни дадат соодветна цена, вели Амити.

Поради, според него, несоодветните политики на државата која не го препознава овчарството како гранка од национален интерес, бројот на овци од 500.000, се намали на едвај 300.000.

-И се чудам на државава. Сите овци се продадоа, немаме работна сила, немаме средства и никој не прави ништо. Не можеме да се издржуваме, ситуацијата е многу критична. Три години е вака и никој не обрнува внимание, а 15 милиони евра девизен прилив се остварува од јагнето во земјава. За разлика од нас, Србија од 100.000 овци некогаш, сега има четири милиони, но дава 65 евра субвенција, а не 15 евра како кај нас, потенцира Меџити.

Според него, грчките трговци за јагнето даваат по 6,7 евра. Конкретно, толкава е цената во Лариса, а нашите велат дека не можат толку да го продатат. Притоа, најмногу соработуваат со Хрватска и Италија.

-Првиот состотанок со надлежните немаше резултат, вториот исто. Денеска трет пат ќе се обидеме да најдеме решение, истакна Амити, додавајќи дека Министерството не ги информирало за вчерашната средба со откупувачите.

На средбата, како што соопшти МЗШВ, откупувачите посочиле дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето ќе биде откупено во целост.

Во моментов земјава располага со 150.000 – 200.000 јагниња за продажба. /МИА

Апелација на јавна седница ќе одлучува за притворот на Мијалков

Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2" Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин  Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. /МИА.

притисни ентер