Димитров: Немаме отворени прашања со соседите

Димитров во Берлин се сретна и со министерот за надворешни работи на СР Германија Хајко Мас. 

Македонија живее историски денови, на добар пат сме да затвориме еден децениски спор кој ни тежеше како камен и не чуваше во чекалната за влез во Европската унија и НАТО, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров кој престојува во работна посета на сојузна република Германија.

Димитров во Берлин се сретна и со министерот за надворешни работи на СР Германија Хајко Мас. 

- Македонија живее историски недели и месеци. На добар пат сме да затвориме еден спор кој што беше како камен и го отежнуваше прогресот и не заклучи во чекалната каде што поминавме доста многу години.Многу е важно, покрај нашето пријателство со Грција, да ги започнеме преговорите со ЕУ и да се зачлениме во НАТО, многу е важно и благодарен сум за поддршката од Германија, Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на јуни за почеток на преговори и за членство во НАТО бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде вин-вин за двете страни. Мислам дека немаме луксуз да не ги користиме шансите кога се созџдадени за решевање на проблемот, рече министерот Димитров. 

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер