Иванов :Нема да потпишам и да поддржам ваков штетен договорот со Грција

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов  во директното обраќање до јавноста попладнево децидно порача дека нема да поддржи и да потпише вака  штетен договор за името , каков што бил договорот со Грција.

- Им укажав дека овој штетен договор претставува напуштање на досега изградените суштински државни позиции кои беа потврдени и на последните две лидерски средби. Тоа се неменување на Уставот и неприфаќање име за севкупна употреба или ерга омнес. Ваквиот штетен договор, кој е единствен во историјата на човештвото, за мене е недостоинствен и неприфатлив. Со него се крши Уставот, законите и се рушат државните институции. Нема да легализирам политички дивоградби. Владата не смогна сила и храброст да изградиме заеднички став и да се постигне национален консензус, истакна Иванов.

Претпладнето тој во својот кабинет на само две минути ги прими Заев и Димитров  кои му го врачија договорот, но не се задржа со нив бидејќи биле луѓе со кои немал исти позиции за ова прашање и дека биле луѓе кои го менувале уставното име. Но затоа со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски,  Иванов се задржа подолго.

Средбите во вила Водно ги следеше  Весна Велкова

Инаку лидерот на опозицијата денеска беше и кај претседателот и кај премиерот од каде повтори дека за оваа партија договорот е неприфатлив и со него Македонија капитулира.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Италија ќе го ратификува договорот за придружување на РСМ кон НАТО

Горниот и долниот дом на италијанскиот Парламент до крајот на овој месец или до почетокот на април ќе го ратификува договорот за придружување на Република Северна Македонија во НАТО.

Тоа го најави потпретседателката на италијснаскиот Сенат ,Паола Таверна и потпретседателот на Домот на пратениците , Еторе Росато на средбата со претседателот на Собранието , Талат Џафери , кој учествува на 16. конференција на претседателите на парламентите од Јадранско- јонската иницијатива , што се одржува во Будва, Црна Гора.

Италија ќе продолжи со поддршката на земјите од Западен балкан и во нивнтие напори да зтанат полноправни членки на ЕУ , рече Таверна.

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – еден повреден (ВИДЕО)

Вечерва на улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на Макоил се случи тешка сообраќајна несреќа.

Во сударот на автомобил Мерцедес , кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф , кое се движело по улицата Скупи , Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел , велат очевидците. Сообраќајката се случила околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките , додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

Во тек е увидот на самото место , а улицата Скупи е блокирана за сообраќај.

Зошто француската министерка за европски работи го нарече својот мачор – Брегзит

,,Секое утро ме буди со мјаукање дека сака да излезе надвор , а кога ќе му отворам , стои неодлушно” , така се пошегува француската министерка натали Лоазо со маката на Британците.

Француската министерка за европски работи , Натали Лоазо објасни зошто својот мачор го нарекла Брегзит , саркастично коментирајќи ги мачните обиди на Британија да ја напушти Европската Унија.

,,Да , мислам дека треба да имам одредена доза на хумор , за овие денови да се справувам со Брегзитот, не само јас туку у моите соработници.” , вели министерката Лоазо пред почетокот на разговорите на министрите за Брегзит , што се одржа во Брисел.

Таа објасни зошто на фејсбук објавила фотографија со мачорот , кого го нарекла Брегзит.

,, Секое утро ме буди со бесконечно мјаукање зашто сака да излезе, а кога му ја отворам вратата тој стои неодлучен и лошо ме гледа кога ќе го пренесам надвор.” , вели Лоазо , која порача дека е крајно време да се знае што конкретно ќе преземе Лондон за да го почитува договорот и да излезе од Унијата.

притисни ентер