Заев и Димитров непожелни гости кај Иванов

Скандал во вилата Водно. Само две минути траеше средбата Заев - Димитров – Иванов.

Шефот на државата го земал Договорот и без да ги сослуша гостите си заминал....На претседателската фб страна стои дека Иванов ги примил Заев и Димитров, дека средбата траела две минути и дека во текот на денот ќе има обраќање. Министерот за надворешни работи Димитров  во изјава за Дојче Веле вели дека одлуката на Иванов да ја прекине средбата на која требаше да биде информиран за содржината на договорот со Грција нема да го спречи изнаоѓањето на решение за спорот.. 

Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност, дадовме се од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор, без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор, никој нема право да одлучува во името на граѓаните. Ќе не биде... и покрај Иванов,

И Владата со соопштение по утринскиот обид за средба во Вилата.

Премиерот Заев и министерот Димитров имаа конструктивен обид за презенатација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и го напушти состанококот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина.

Владата ги повика сите политички фактори да се обединат околу националнтие приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.  Според владиниот портпарол Бошњаковски спомениците од Скопје 2014 нема да се рушат туку ќе го добијат епитетот на хеленска култура.

- „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во тоа што вистински е - Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство“, истакна Бошњаковски.

Во меѓувреме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција посочи дека ќе се спротивстави со сите демкратски средства на овој договор. Побара оставка од министерот за надворешни работи Димитров...

. Ние ќе живееме со последиците на ова капитулантско дело на Зоран Заев и неговите соработници. Ние ниту имаме право ниту смееме да останеме неми на капитулацијата што деновиве ќе се обидат да ја претстават како победа“, рече Мицкоски.

Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ да не кочат и да дадат поддршка за иднидната на земјата и за референдумот.

Решението на спорот што цели 25 години ја влечеше Македонија наназад ги брани врвните државни и национални интереси, го зачувува и го зајакнува македонскиот идентитет еднаш - засекогаш.

Целиот демократски свет, САД, Европската комисија, Европскиот парламент, НАТО, Велика Британија, Австрија, Бугарија, упатува честитки за постигнатиот договор и го поздравува лидерството на двете земји, стои во соопштението на СДСМ...

Паника во авион, во рачен багаж патник носел 20 змии

Анонимен патник предизвика паника во авион кој летал на линија од Германија до Русија. Во неговиот рачен багаж се откриени 20 змии.

Патникот при на екипажот на авионот му изјавил дека змиите ги купил на пазар во Германија.

-Змиите биле спакувани во канистри во неговата торба: Немаше документи за змиите. Од која врста се змиите ќе одредат стручњаци, но неофицијално станува збор за не отровни змии, е наведено во соопштението од прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево.

Змиите сега се во карантин во Москва, поради тоа што на патникот немал соодветни документи за истите, вклучувајќи и одобрение од ветеринар за пренесување на змиите од Диселдорф во Русија.

Според извештајот, германските аеродромски власти  во Диселдорф истакнале дека немале никаков инцидент при безбедносната проверка и воедно истакнуваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но дека е потребно соодветно одобрение за тоа.

Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

притисни ентер