Столтенберг: Покана за членство по финализирање на договорот

НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција.

И таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји.

Ова го порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во интервју за МИА, одговарајќи на прашањето да ја појасни процедурата за тоа како Македонија на самитот во јули ќе добие покана, откако договорот за името е постигнат. 

- До самитот на НАТО ќе се обидеме да најдеме начин да покажеме дека се уште стоиме на таа одлука, оти ја препознаеме важноста на договорот. Истовремено сега е важно договорот да се финализира во Скопје и во Атина. Договорот е сеопфатен и во себе ги содржи сите фази на различните одлуки, ратификациите, референдумот, истакна Столтенберг. 

Во интервјуто за МИА тој изрази надеж дека сето тоа ќе се случи што е можно побрзо, со што на Алијансата ќе и се отвори патот таа да го стори својот дел. 

Договорот меѓу Македонија и Грција го оцени како историски и од голема важност за двете земји, но и за цела Европа.

Истакна дека синоќа разговарал со премирите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас и оти им честитал за договореното и за напорите што ги вложиле во овој, како  што рече многу тежок процес. 

Во врска со политичките случувања во двете земји, откако претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ изразија несогласување со договорот, а истото се случи и со грчката опозиција, Столтенберг вели дека тоа се демократски земји и оти целиот процес зависи од нивните демократски институции. 

Апелираше до двете земји да го решат ова прашање и да го искористат овој историски договор. 

- Одлуката на НАТО е јасна, решение за спорот па доставување покана, но за да го направиме тоа конкретно и да го забрзаме процесот мора да бидеме сигурни договорот е финализиран, дека е ратификуван. Ова е историски договор, историски момент, важен за сите луѓе вклучени во него и за цела Европа, бидејќи со него се решава ова тешко прашање, кое беше проблем со децении, нагласи Столтенберг во интервјуто за МИА. 

Паника во авион, во рачен багаж патник носел 20 змии

Анонимен патник предизвика паника во авион кој летал на линија од Германија до Русија. Во неговиот рачен багаж се откриени 20 змии.

Патникот при на екипажот на авионот му изјавил дека змиите ги купил на пазар во Германија.

-Змиите биле спакувани во канистри во неговата торба: Немаше документи за змиите. Од која врста се змиите ќе одредат стручњаци, но неофицијално станува збор за не отровни змии, е наведено во соопштението од прес центарот на интернационалниот аеродром Шереметјево.

Змиите сега се во карантин во Москва, поради тоа што на патникот немал соодветни документи за истите, вклучувајќи и одобрение од ветеринар за пренесување на змиите од Диселдорф во Русија.

Според извештајот, германските аеродромски власти  во Диселдорф истакнале дека немале никаков инцидент при безбедносната проверка и воедно истакнуваат дека внесувањето на змии во авион не е нелегално, но дека е потребно соодветно одобрение за тоа.

Ексклузивно интервју на Мицкоски за Канал 5

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во ексклузивно интервју за Канал 5 вели  дека нема раскол во најголемата опозициска партија.

Мицкоски говори и за актуелните прашања во однос на референдумот и договорот со Грција.

Со лидерот на најголемата опозициска партија разговараше Мирјана Трпческа. 

Сите душегрижници кои мислат дека во ВМРО-ДПМНЕ  има раскол или недоразбирања од голем размер, се лажат.ВМРО-ДПМНЕ е единствено, вели Мицкоски.

Во видеото погледнете го целото интервју.

Порошенко ја тужи ББЦ за клевета поради напис за средба со Трамп

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја тужи британската телевизиска мрежа ББЦ за клевета поради написот во кој се тврди дека Киев платил за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во написот објавен во мај, ББЦ наведува дека поранешниот адвокат на Трамп – Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 од украинскиот претседател за да ја организира првата средба меѓу Порошенко и Трамп во Белата куќа во јуни 2017 година.

Според тој напис, кој се повикува на неименувани украински извори, цел на состанокот било зголемување на влијанието на Киев во Вашингтон, на тој начин што состанокот не би изгледал како куса средба, туку како „вистински разговор“.

Порошенко во тужбата наведува дека текстот е исклучително штетен, не само за неговата функција претседател на држава, туку и за неговата репутација како политичар и претприемач.

Тој бара од британската телевизија да ги демантира тврдењата и да исплати отштета за клевета.

притисни ентер