За моите ќерки

Од понеделник до петок во 21 часот, гледајте првокласна серија!

         Јашар е тотално безвреден во очите на својата сопруга. Откако го изгубил наследството од татко му, таа кон него се однесува со гнев и презир. Сите негови обиди да биде добар сопруг и татко, завршуваат со нејзиното непочитување, омаловажување, и најтешки навреди.

Што оти кутриот Јашар работи на дури две работни места. Прва смена во автоперална, втора смена во меана, и пак заработката не е доволна за потребите на семејството. Кавгите дома се пеколно секојдневние кое веќе со години ги трауматизира децата.

Најстарата ќерка Селва е мажена и навидум поштедена од семејниот немир. Но тежок е и нејзиниот живот покрај лошата свекрва.

Кумру е втората ќерка на Јашар и Ајтен. Нежна, чувствителна и полна со љубов и трпение. Студира медицина и ги одбројува последните денови до дипломирањето, кога ќе почне да заработува пари за да му го олесни товарот на татка си.

Сумру исто така студира, но таа е сосема друг карактер. За неа издувен вентил од секојдневните проблеми се забавата и шопингот, кои се луксуз за семејството.

Суна е се'уште гимназијалка. Задлабочена во книгите и учењето, таа сака да биде како својата сестра Кумру.

Најмладата Хума е најпогодена од семејниот немир и постојаните кавги. Затоа сите сестри кон неа се однесуваат топло и мајчински, зашто Хума навистина не добива мајчинска љубов.

Небаре збудалена, нивната мајка Ајтен ќе биде причината за името на семејството да се извалка со крв, Јашар да заврши во затвор, а неговите ќерки да испишат трагични страници од животот во кој тој засекогаш ќе биде нивна сенка.

Од понеделник до петок во 21 часот, не пропуштајте ја исклучителната драма „За моите ќерки“!

притисни ентер