И граѓаните поделени за договорот на Македонија со Грција

Името Република Северна Македонија направи дебата помеѓу граѓаните, дали требало да има промена, додавка или името да не се менува.

На двајцата пријатели кои одмараа на плоштадот Македонија не им е јасно зошто токму Северна и која е јужна Македонија.

За дел од граѓаните уште пред осамостојувањето на Македонија требало веднаш да се реши овој спор. Веруваат дека со тогашното решение денеска државата ќе била на подобар пат.

По синоќешната прес конференција на премиерот Зоран Заев околу 50-тина граѓани излегоа пред собранието со порака дека на државата не и потребно ново име.

За граѓаните потребно и е важно да има референдум за името.

Петмина застрелани , меѓу нив и девојче во престрелка во САД (ВИДЕО)

Во пукотница во градот Сиракуза , во државата Њујорк се ранети пет лица , меѓу кои и девојче.

Девојче на возраст од 8 години е рането и пренесено во болница по пукотниците во гратчето Сиракуза во државата Њујорк. Пукотниците се случиле за време на помен за починат , кога од другата страна на улицата непознато лице почнало да пука по госитите.

Повредените се на возраст од 8 до 35 години и ниеден од нив не е во животно загрозувачка состојба . Полицијата трага по напаѓачот.

Уапсен маж - се обидел да украде патнички авион

Пилот на обука е уапсен запшто се обидел да украде патнички авион во американската држава Флорида.

Полицијата го упасила мажот на обука , кој се обидел да украде патнички авион на меѓународниот аеродром Талахаси во Флорида.

Според портпаролката на аеродромот ,,Орландо- Мелбурн” , Лори Букер, антитерористички специјалци го истражуваат овој случај и се обидуваат да го откријат мотивот за крадење на патничкиот авион.

Исклучени од сообраќај 57 возачи во Скопје

Вкупно 57 возачи се исклучени од сообраќај затоа што се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, други тројца поради управување возило под дејство на алкохол, а други 12 без сообраќајна дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека по преземените мерки и активности вчера на подрачјето на град Скопје од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила. Пајакот подигнал 59 возила.

Во текот на вчерашниот ден се случиле и вкупно девет сообраќајки, при што е причинета материјална штета во три, а со лесни телесни повреди се здобиле осум лица. 

СВР СКопје информира дека се преземени мерки и за 21 пешак, кои кои поминале коловоз вон пешачки премин 21 и за шест други кои поминале коловоз на црвено светло

притисни ентер