Фудбалерите на Аргентина полудеа по секси манекенката, а таа го посакува само Меси (фото)

​Аргентинката Росио Роблес му задава големи главоболки на селекторот на аргентинската репрезентација.

Имено, прекрасната Росио направи вистински хаос меѓу репрезентативците во пресрет на Светското првенство во Русија.

Со провокативните фотографии на социјалните мрежи ги излуди соиграчите на Меси, а за аргентинските медиуми открила дека и се додворувале дури осум играчи од 23-та играчи кои ќе патуваат во Русија.

„Ми се јавија осум репрезентативци, но не им одговарам на пораките“ – признала Росио и така предизвика нервоза меѓу Гаучосите во пресрет на првенството во Русија.

Сепак, Росио изјавила дека неа ја интересира само Меси.

Ја нарече “коњско лице“, а таа веднаш му удри на егото

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекол “коњско лице“ порно актерката Сторми Даниелс, откако Сојузниот суд во Лос Анѓелес ја отфрлил нејзината тужба за клевета која ја поднела против претседателот на САД.

Судијата пресудил дека претседателскиот твит за кој Даниелс тврди дека е клевета, всушност е право на претседателот на слобода на говор загарантирано со Првиот амандман на американскиот устав.

„Сега можам да ја нападнам “Коњско лице“ (Horseface) и нејзиниот третокласен адвокат“ – напишал Трамп од Белата куќа.
 

Актеракта тврди дека Трамп во 2006 година имал сексуална врска во време кога неговата сопруга Меланија го родила неговиот син.

Сторми веднаш му одговори на претседателот на Твитер.

„Дами и господа, ви го претставувам вашиот претседател – порачала и го обвинила дека “уште еднаш“ ја покажал “својата некомпетентност, својата омраза спрема жените и неспособноста да се контролира“.

„Готово е, малечок“ – заклучи Даниелс.

„Годзила се врати”: Џиновски алигатор ги преплашил голферите на Флорида (видео)

Било тоа обичен ден за голферите на Флорида, се додека не го забележале долгогодишниот жител – четири и пол метри долгиот алигатор познат под прекарот Чабс.

Пред 12 октомври, тој за последен пат бил забележан во 2016 година.

„Никогаш не знаете на што ќе наидете на голф терен“ – напишал Сејџ Стрицни на Фејсбук, под видео снимката на која можеме да видиме како алигатор шета меѓу преплашените голфери, пишува „Индекс.хр“.

Славниот алигатор станал интернет сензација откако е снимен како талка по голд теренот пред две години, иако го имаат забележано и претходно.

„Годзила се врати“, “ова е најголемиот алигатор кој некогаш сум го видел“ – се некои од коментарите на социјалните мрежи.

 

Дејвид зборуваше за бракот со Викторија: Станува се покомплицирано

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам во интервју за една австралиска емисија зборуваше за бракот со Викторија.

Дејвид призна дека односот со Викторија понекогаш е “многу тешка работа“.

„Работите стануваат малку покомплицирани кога двајца луѓе се толку долго заедно“ – изјавил Бекам.

„Кога сте во брак со некој толку долг временски период како нас двајца тогаш одржувањето на односот е секогаш тешка работа“ – додал Бекам.

Пред неколку недели Дејвид ги поттикна шпекулациите за развод бидејќи не се појави на насловната страница на Вог заедно со своето семејство.

Парот се венча во Ирска во 1999 година и имаат четири деца, Бруклин (19), Ромео (16), Круз (13) и Харпер (7).

притисни ентер