Курц за јавната телевизија „ORF” објасни дека на тој план работи Австрија заедно со уште неколку земји, а неговата суштина е да се основа центар за прифаќање на мигрантите надвор од ЕУ, каде би им била пружена заштита и шанса за подобар живот.
Запрашан за постоењето на таков проект тој изјави дека во тек се напори надвор од ЕУ да се формираат центри за заштита каде што можат да бидат сместени бегалците, но каде не би бил понуден “подобар живот во централна Европа“.
„Тој проект работиме со мал број на држави, многу доверливо со цел да се зголеми неговата реализација“ – изјави Курц за „ORF”.
Курц, конзервативец кој владее со екстремната десница, не прецизирал за кого би биле наменети тие центри но неговиот дански колега Ларс Локе Расмусен минатата недела навестил дека се разговара со неколку земји, меѓу кои и Австрија, за отворање на “заеднички центри“ наменети за мигрантите кои немаат услов да бараат азил во ЕУ или на кои ќе им бидат одбиени барањата за азил.
Последните денови во австриските медиуми се спомнува Албанија како земја која би можела да ги прифати тие центри. Запрашан за тоа австрискиот канцелар изјавил само “Ќе видиме“.
Освен Албанија, земјите кои се наоѓаат во Европа, а не се членки на ЕУ, се земјите на Западен Балкан.