Нигериец го погребал својот татко во “сандак“ од 75.000 евра (фото)

На интернет се шири неверојатна и помалку бизарна фотографија од еден погреб во Нигерија.

Извесен Нигериец по име Азубуике останал без својот татко, на кој му ветил дека еден ден ќе му купи луксузен автомобил.

Меѓутоа, тоа не стигнал да го направи, бидејќи татко му починал.

Сепак, тој се одлучил да му го исполни ветувањето дадено на својот татко, па му купил околу 75.000 евра вреден BMW теренец.

Автомобилот го искористил наместо мртовечки сандак, па во него го погребал својот татко, пишува „Дејли меил“.

Погребот бил одржан во нигериското село Ихијала. Откако фотографијата од погребот се нашла на интернет, оваа бизарна ситуација наишла на осуда и голем број негативни коментари.

Повеќе ваквиот потег на Нигериецот Азабуике го оценуваат како “чисто и безобразно расфрлање со парите“.

„Лудило и себичност на дело, без оглед на тоа што станува збор за негови пари“ – гласеше еден од коментарите.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер