Фото: Најубавата светска спортистка!

Пејџ Спиранич често го добива епитетот најсексапилна и најубава светска спортистка.

 Нејзиниот спорт е голфот. Убавата Пејџ секој ден го зголемува бројот на своите фанови.

Атрактивната Пејџ можеби не е најубавата спортистка на светот, но сигурно е најпопуларната и најсексапилната голферка во Америка. Успешно ниже победи на турнирите и ги освојува симпатиите на публиката каде и да се појави.

Пејџ со својата појава плени на теренот , но и надвор од него.

На социјалните мрежи 25 годишната Пејџ покажува зошто ја сметаат за најсексапилната спортистка на светот.

Американците прават супесоничен авион – од Њујорк до Лондон за 90 минути (ВИДЕО)

Американска стартап компанија планира да произведе авион што ќе лета со брзина пет пати поголема од брзината на звукот и за 90 минути ќе го помине растојанието меѓу Њујорк и Лондон.

Воздухопловната компанија Hermeus Corporation со седиште во Атланта соопшти дека од приватни инвеститори добила доволно пари за производство на овој вид авион.

Доколку проектот биде успешен , би можел да значи револуција во воздушниот сообраќај. Сега патувањето од Њујорк до Лондон трае седум часа.

Меѓу основачите на оваа компанија се поранешни вработени во компанијата на Елон Маск , Space X , како и во вселенската компанија на Милијардерот Џеф Безос, Blue Origin. Од компанијата велат дека ќе бидат потребни десетина години за да се реализира овој проект.

Брутално претепано момче во метрото во Њујорк , полицијата бара помош (ВИДЕО)

Њујоршката полиција објави шокантно видео од претепување на момче од непознати лица во подземната железница во Њујорк.

Напаѓачите го тепале момчето се додека тоа не изгубило свест. Тој само се обидел да си ја заштити главата со раце. На снимката од безбедносните камери не може да се слушне што зборува претепаното момче.

Полицијата дознала за оваа снимка дури откако се појавила на социјалните мрежи. Од таму ги молат сите кои знаат нешто за напаѓачите , да пријават.

,,Ова е гнасен чин.Сите кои ја проследија снимката , се вознемирени. “ изјави детективот Дермот Ши на прес конференција.  

Овации на публиката во Кан по премиерата на филмот на Тарантино (ВИДЕО)

На премиерата на филмот ,,Се случи еднаш во Холивуд” на Квентин Тарантино дојдоа и Бред Пит и Леонардо ди Каприо , кои ги играат главните улоги.

Светската премиера на новиот филм на Квентин Тарантино беше одржана вчеравечер во Кан , а гледачите беа толку воодушевени што го наградија со шест минутни овации по прикажувањето.

Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Маргот Роби , ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино му се приклучија на режисерот на срвениот тепих .

Приказната за златниот период на Холивуд низ призматана двајца пријатели , актери (Бред Пит и Леонардо ди Каприо) во времето кога светот е шокиран од веаста за убиството на актерката Шерон Тејт (Маргот Роби) , доби одлични критики.

Во филмот се појавуваат и Ал Пачино , Дакота Фенинг ,Лена Данам, како и починатиот актер Лук Пери , е веќе оценет за еден од најдобрите филмови на Тарантино.

притисни ентер