Ваков договор падна на историскиот самит меѓу двајцата лидери во Сингапур.
За возврат американскиот претседател вети „безбедносни гаранции“ за Северна Кореја, известуваат светските агенции повикувајќи се на детали од завршниот документ.
„Имавме историски состанок, одлучивме да го оставиме минатото зад нас и да потпишеме историски документ“ – изјави Трамп.
Во документот стои наведено дека и двајцата лидери се залагаат за целосно и брзо спроведување на договореното, а Трамп по средбата изјави дека успеал да изгради посебен однос со севернокорејскиот лидер и го поканил во Вашингтон.
Според него средбата поминала подобро отколку што можело да се очекува и дека самитот донесол голем напредок во односите меѓу двете земји.
Ким Џонг Ун од своја страна го пофали „оставањето на минатото зад себе“.
„Светот ќе види големи промени! Би сакал да му изразам огромна благодарност на претседателот Трамп“ - изјавил Ким Џонг Ун.
Самитот е историски, со оглед на тоа што досега ниту еден американски претседател немал средба со претседател на Северна Кореја.
Првиот самит на двете земји е проследен со огромни надежи.
Судирот околу нуклеарната програма на Северна Кореја е еден од најопасните конфликти во светот.
Во медиумите се анализира историската средба дека би можела да донесе трајна промена на безбедното опкружување на североисточна Азија како во случајот со посетата на некогашниот претседател на САД, Ричард Никсон, на кина во 1972 година, која довела до трансформација на земјата.