Телефонскиот разговор Заев - Ципрас ќе биде попладне

 За попладневните часови е закажан телефонскиот разговор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, според информациите во Грција.

За попладневните часови е закажан телефонскиот разговор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, според информациите во Грција, но и според она што на прес-конференција го кажа лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој рече дека „грчкиот премиер денеска попладне очекува да има телефонски разговор со Заев“.

Грчките медиуми објаснуваат дека двете страни треба прво да го известат специјалниот претставник на ОН, а фактот што медијаторот Метју Нимиц е во Њујорк и поради временската разлика, телефонскиот разговор е закажан за попладне.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, неофицијално, по телефонскиот разговор со Заев, Алексис Ципрас ќе го информира, прво претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, потоа лидерите на политичките партии и на крај ќе има обраќање до јавноста. Додека, пак, во петок, во грчкиот парламент ќе се одржи расправа за пратениците и граѓаните да се информираат за содржината на договорот. /МИА

Велосипедистите во Германија добија мост со подно греење, невиден луксуз во сообраќајот

Велосипедистите во југозападна Германија добија невиден луксуз: мост со подно греење само за велосипедисти.

Еден од првите велосипедски мостови во светот е отворен во градот Тубинген. Ова им овозможува на велосипедистите да возат побезбедно во зимски услови, рече градоначалникот Борис Палмер за време на неодамнешното отворање на мостот, кога тој самиот го премина мостот со велосипед.

Иако патиштата и мостовите со подно греење не се непознати, а за нивното воведување во области со сообраќаен метеж и сурови зими се`повеќе се размислува, мостот со подно греење е реткост за велосипедистите.

Покрај тоа, експертите од Германскиот велосипедски клуб (АДФЦ) наведуваат дека не знаат дека велосипедски мост со подно греење некогаш порано бил изграден.

Градовите низ Европа и на други места брзо ја подобруваат својата велосипедска инфраструктура, особено со воведување заштитени велосипедски патеки, со оглед на зголемувањето на бројот на велосипедисти за време на пандемијата.

„Загреаните мостови за велосипедисти имаат смисла“, рече портпаролката на АДФЦ.

„Солта не може 100 проценти да го отстрани мразот од патот, а истото важи и за мостовите“, додаде таа.

Судот во Франција ја казни државата со десет милиони евра

Највисокото правно тело во Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра, бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во одредени области на земјата.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, и наредил на владата да го намали нивото на азотен оксид и честички во повеќе од 10 зони, со цел да се усогласат со европските стандарди.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година е превисоко во Париз и вториот по големина град, Лион.

Спасен манастирот ,,Св Петка" од пламените јазици кај Пехчево

Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето ја спасија од опожарување манастир „Св.Петка” од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево.

Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на припомош од Бугарија. За време на пожарот како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гаснењето комбајните жнееле со цел да се спаси житото и да се спаси родот од пламените јазици.

-За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија бидејки има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово, бидејки од таму може да префрли многу лесно за Пехчево. Попладне дојде и хеликоптер на Армијата. Гаснеа и пожарникарите, од Шумско стопанство и населението. Се што дојде за помош е добредојдено, вели жител на Пехчево.

Додава дека според негова проценка штетата е катастрофална.

-Штетата е огромна, пределот не е најбогат но доста добар е, има доста борова шума, се е изгорено. Тоа на пладне беа страшни пламени јазици, вели тој.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот кај маалото Пасјак каде едно од вкупно 4 те возила кои пристигнаа како помош се вклучија во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.

притисни ентер