“Шаренилото“ на Рита Ора го изненади Лондон

Пејачката Рита Ора неодамна ја промени бојата на косата, а со неа и својот стил на облекување.

Рита Ора се појави на ивентот „Capital’s Summertime Ball” во Лондон во шарено издание.

Освен палетите на неонски нијанси, пејачката на себе нафрлила се и сешто и не го остави впечатокот кој го посакуваше.

Со новата, црвено-портокалова боја на коса. Рита облече розов фустан преку кој нафрли уште еден проѕирен кој на себе имаше портокалови цветови.

На рацете имаше високи неонско зелени ракавици, а на нозете жолти чорапи и црни штикли.

Белград добива автобус во кој бездомниците ќе можат да се искапат, потстрижат, да си ја исперaт облеката

Наскоро во Белград ќе почне да кружи автобус кој барем малку ќе им го олесни животот на сите луѓе што живеат на улица.

„ДрумоДом“ наскоро почнува со работа (по една година подготовки). Ќе биде наменет за сите во Белград што се без дом. Станува збор за адаптиран автобус кој ќе ги посетува местата каде што престојуваат овие наши сограѓани и ќе им обезбеди бесплатно туширање, тоалет, потстрижување, перење на облеката и можност за разговор. Заедно ќе бараме трајни решенија. „ДрумоДом“ ќе биде наш проект, проект на сите луѓе што сакаат да ги поддржат овие наши сограѓани и сограѓанки – стои во објавата на фејсбук-страницата на „ДрумоДом“.

Градските власти на Сан Франциско воведоа иста ваква услуга пред неколку години. Тамошниот автобус трипати неделно застанува во центарот на градот за да можат бездомниците бесплатно да се искапат. Проектот започна откако преку интернет-кампања беа собрани 75.000 долари за обнова на постар автобус. Компанијата „Гугл“ донира дополнителни 100.000 долари.

Се проценува дека на територијата на градот Белград има меѓу 3.000 и 5.000 бездомници, од кои 1.000 се малолетници. Зад акцијата „ДрумоДом“ стои фондацијата „Адра“.

Карлеуша добила скап подарок од сопругот Душко, вила од 2,5 мил. евра

Српска пејачка Јелена Карлеуша се пофали дека од сопругот фудбалер Душко Тошиќ добила вила во Белград вредна 2,5 милиони евра.

Популарната Џеј Кеј редовно истакнува дека има убав и успешен маж, сега се пофали и со неговата дарежливост.

-Купивме убава куќа: наскоро ќе се преселиме во неа, ја средуваме, треба да ни стигне мебелот од странство. Јас сум му многу благодарна на сопругот Душко, бидејќи се што некогаш сум заработила сум го потрошила на „крпи“, семејството, пријателите и сум го вложила во кариерата. Да е до мене, ние би живееле во еден голем гардеробер би продавале чевли  и би ги палеле чевлите во некое каминче да се грееме., раскажала низ шега Јелена Карлеуша.  

Русокосата пејачка вели дека сопругот Душко паметно ги вложува парите во недвижнини, тој е задолжен нашето семејство да живее убаво.

Инаку јавноста ја нападна Јелена поради  фотографии на кој популарната пејачка на шега со шал од лажни пари се шета по улица .  

Холивудскиот актер и денеска е во среќен брак со 13 години постарата сопруга

Австралискиот актер Хју Џекман е во среќен брак веќе 22 години.

Холивудскиот актер и неговата сопруга Дебора Ли Фурнес се венчаа во 1996 година и се еден од ретките складни бракови во светот на познатите.

Синоќа на доделувањето на Golden Hearth наградите се појавија заедно и докажаа дека љубовта им цвета и после толку години брак.

Сепак, јавноста често ги доживува како контроверзен пар бидејќи Дебора е постара од Хју 13 години.

И покрај тоа, како што знаеме, љубовта не познава години, а токму тоа го докажуваат и они.

Колку многу се сакаат докажува и тоа што актерот постојано пред медиумите изјавува дека неговата сопруга е најдоброто нешто што му се случило во животот.

Откако Дебота два пати го изгубила детето, парот се одлучил да посвои две деца.

Foto: Getty

притисни ентер