Надал: Немам намера да се споредувам со Федерер

Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал наведе дека посaкува да го надмине швајцарскиот тенисер Роже Федерер во бројот на освоени гренд слем титули.

Најдобриот тенисер на светот Рафаел Надал наведе дека посaкува да го надмине швајцарскиот тенисер Роже Федерер во бројот на освоени гренд слем титули, но дека во моментот тоа не е приоритет и првенствено ужива во 11-та титула која ја освои на „Ролан Гарос“.

Надал го победи Доминик Тим со 3:0 во сетови во финалето во Париз и сега има вкупно 17 гренд слем титули, односно три помалку од неговиот најголем ривал Федерер.

- Сега сакам да уживам во оваа титула и не сакам да размислувам за следната. Секако дека имам амбиција, бидејќи го сакам тоа што го работам. Но, никогаш не сум размислувал на таков начин, истакна шпанскиот тенисер.

Според него „треба да се биде задоволен со она што се има, бидејќи ако постојано се споредуваме со другите секогаш некој ќе има повеќе и ќе бидеме незадоволни“.

- Секако дека би сакал да имам 20 гренд слем титули, дури и повеќе. Меѓутоа во овој момент сум фокусиран на оваа титула. И 17 е одлична бројка. Тоа што сум среќен со ова не значи дека сакам да запрам, туку ќе се борам за титулите на останатите турнири, нагласи Надал.

Надал и оваа сезона доминираше на земјена подлога, додека Федерер одлучи да ги пропушти сите турнири на земја. /МИА

Тошковски: СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Богданци

СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалник на општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам при Општина Богданци.

Имено, првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција - поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од улица "Крсте Мисирков" во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината.

Второпријавената вработена на работно место помлад соработник - урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.

Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело "Злоупотреба на службена положба и овластување" и "Бесправно градење", а второпријавената сторила кривично дело "Несовесно постапување во службата", објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Некој во Словенија заборавил да земе 1.500 евра од банкомат, жена направи убав гест

Некој во Словенија заборавил да извади 1.500 евра на банкомат, што се гледа на фотографијата.

Жена ги пронашла парите во улицата „Сорерјева“ на банкоматот на банката, ги фотографирала и ги однела во Полициската станица „Шишка“ во Љубљана, каде се уште се наоѓаат парите, пренесува порталот GPMaljevac.COM.

Медиумите пишуваат дека вистинскиот сопственик на парите кој заборавил да ги земе од банкомат може да се обрати во полициската станица Шишка и со извод од банка да докаже дека парите се негови.

Парите се во вистински раце, сопственикот треба да докаже дека парите се негови, а доколку успее, припадниците на полициската станица Шишка ќе му ги вратат пронајдените пари.

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер