Контраверзни билборди се појавија во Скопје

Билборди со кој се обвинува македонскиот премиер за предавство можат да се видат низ улиците во главниот град.

Премиерот вели дека тие ги нарачуваат групи без да знаат детали за можниот договор. Тука се отвара прашањето кој контролира какви пораки се упатуваат преку јавниот простор.

Можеби за прв пат во Македонија се појавија билборди со кој директно се навредува премиерот на државата. На неколку локации низ главниот град можат да се видат паноа на кои се премиерите Заев и Ципрас и со големи букви е напишано “предавство”. Како нарачател и финансиер на се јавува “Интернационално движење за човекови права на Македонците” регистрирано и со седиште во Торонто, Канада. Токму ова здружение и во минатото се појавуваше со слични акции, со кој според нив, сакале да се спречи промената на името.

За тоа дали е можно кој што сака да огласува низ Скопје, ги прашавме градските власти.

Портпаролот Ваљон Салиху телефонски ни кажа дека куќните совети се тие кои одлучуваат на кого ќе му биде отстапен рекламен простор на зградите со кои што тие управуваат.

Тука се отвора прашањето кој и дали воопшто контролира какви натписи и билборди се појавуваат по зградите и улиците.

Од МВР велат дека ќе проверат за што се работи и дополнително ќе информираат.

Инаку, низ Македонија се појавија и плакати со кои се повикуваат граѓаните на протест закажан за 23 Јуни, со цел како што пишува, да се спречела промената на името пред да било предоцна.

Потврден петти смртен случај по земање додатоци во исхраната во Јапонија

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Јапонската фармацевтска компанија „Кобајаши“ денеска соопшти дека е потврден петти смртен случај, веројатно поврзан со конзумирањето на додатокот во исхраната од црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми кои ги пријавија стотици луѓе.

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „бени-коџи“.

„Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака.

Кобајаши рече дека супстанцијата за која станува збор „може да потекнува од мувла, но нејзината (хемиска) структура допрва треба да се утврди“.

Висок претставник на компанијата рече дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман за симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им исплати обештетување, како и на 114 лица кои се хоспитализирани.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се доведува во врска со конзумирање додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“. /МИА

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја

СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите.

Советот за безбедност на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, соопшти Русија, откако Москва стави вето на обновувањето на експертската комисија за следење на спроведувањето на санкциите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно ни е дека Советот за безбедност на ОН повеќе не може да користи стари шаблони за прашања поврзани со Корејскиот полуостров“, нагласи портпаролката.

Од своја страна, Кина соопшти дека одбила „слепо да ги поддржи санкциите“ против Северна Кореја, откако вчера се воздржа од гласањето во Советот за безбедност за резолуцијата која се однесува на Северна Кореја.

„Сегашната ситуација на Корејскиот полуостров останува напната и неселективното воведување санкции не може да го реши проблемот“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

притисни ентер