Денеска телефонски разговор Заев – Ципрас?

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денеска телефонски ќе  разговараат за напредокот на преговарачкиот процес за спорот со името, објави  „Макфакс“ од високи дипломатски извори.

Станува збор за долгонајавуваниот телефонски разговор меѓу Заев и Ципрас за финализирање на договорот, кој се очекуваше да се случи пред десетина дена.

Доцна викендов на советничко ниво, двете земји преку нивните советници разговарале за одредени отворени прашања и постигнале напредок.

Македонската страна понудила „креативни решенија“ кои го штитат идентитетот и јазикот на државата. По разговорот на советниците, премиерот Заев, шефот на дипломатијата, Никола Димитров и советникот Дане Талески дополнително се консултирале за унифициран став за прашањата кои сè уште не се затворени.

Според извори на медиумот преговорите, не се во фаза „земи или остави“. Вчера вечер двете страни предлагале можни решенија за одредени спорни прашања и ја потврдиле посветеноста за постигнување договор.

И грчкиот весник „Катимерини“ вчера потврди дека 95 отсто од преговорите се комплетирани и остануваат неколку важни детали пред да биде готов договорот.

Доколку сè се одвива според планот, договорот треба да се најде во македонскиот парламент пред самитот на ЕУ, а на референдум најверојатно во септември.

Судот во Франција ја казни државата со десет милиони евра

Највисокото правно тело во Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра, бидејќи не успеала да го подобри квалитетот на воздухот во одредени области на земјата.

Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, и наредил на владата да го намали нивото на азотен оксид и честички во повеќе од 10 зони, со цел да се усогласат со европските стандарди.

Во својата одлука, судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одредени зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година е превисоко во Париз и вториот по големина град, Лион.

Спасен манастирот ,,Св Петка" од пламените јазици кај Пехчево

Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето ја спасија од опожарување манастир „Св.Петка” од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево.

Моментално ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на припомош од Бугарија. За време на пожарот како што информираат жителите кои цел ден учествуваа во гаснењето комбајните жнееле со цел да се спаси житото и да се спаси родот од пламените јазици.

-За среќа манастирот е спасен, изгасен е на време. Не е доцна за помошта што стигна од Бугарија бидејки има потреба од помош кај Чифлик, Умлена и Робово, бидејки од таму може да префрли многу лесно за Пехчево. Попладне дојде и хеликоптер на Армијата. Гаснеа и пожарникарите, од Шумско стопанство и населението. Се што дојде за помош е добредојдено, вели жител на Пехчево.

Додава дека според негова проценка штетата е катастрофална.

-Штетата е огромна, пределот не е најбогат но доста добар е, има доста борова шума, се е изгорено. Тоа на пладне беа страшни пламени јазици, вели тој.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот кај маалото Пасјак каде едно од вкупно 4 те возила кои пристигнаа како помош се вклучија во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.

Истражување: Заразата со корона е три пати помала меѓу вакцинираните

Целосно вакцинираните луѓе во Англија имаа три пати помала веројатност да бидат позитивни на коронавирус отколку невакцинираните, според британското истражување објавено денеска.

Ова е студија на научниците од Кралскиот колеџ во Лондон спроведена на 98.233 тестови за коронавирус помеѓу 24 јуни и 12 јули.

Вкупно 0,63 проценти од тестовите биле позитивни (или 1 на 158), при што процентот на позитивни кај невакцинираните изнесувал 1,21 проценти , а кај целосно вакцинираните 0,4 проценти. Студијата, исто така, посочува дека резултатите покажуваат дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да го пренесат вирусот отколку невакцинираните, бидејќи количината на вирус во нивното тело е помала.

Сепак, некои британски претставници и научници повикале на претпазливост, откако владата ги олесни сите рестриктивни мерки на 19 јули, вклучително и укинувањето на задолжителното носење маски во одредени затворени простории.

Документ на американската влада протечен минатата недела предупредува дека инфекциите кај целосно вакцинираните луѓе не се толку ретки како што се мислеше и дека вакцинираните луѓе лесно можат да го пренесат вирусот.

Пол Елиот, професор во одделот за јавно здравје на Империјал Колеџот и директор за истражување, рече дека резултатите ги потврдуваат претходните податоци што покажуваат дека двојната доза на вакцината обезбедува добра заштита од инфекција.

„Сепак, ние исто така можеме да видиме дека сеуште постои ризик од инфекција, бидејќи ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна, и знаеме дека некои луѓе со двојна вакцинација сеуште можат да го добијат вирусот“, рече тој.

„Значи, дури и со олеснување на ограничувањата, сепак треба да дејствуваме со претпазливост за да се заштитиме едни со други и да ја спречиме стапката на инфекции“, додаде Елиот.

Бројот на дневни случаи во Велика Британија регистрирани од Министерството за здравство на Обединетото Кралство е намален по олабавувањето на мерките. Овој тренд ги изненади експертите кои предвиделе големо зголемување на бројот на заразени.

притисни ентер