По 23 години Тетово повторно домаќин на Деновите на македонската фотографија

 Со изложба на 101 фотографија од 43 автори, во Тетово се отворени 56. Денови на македонската фотографија. 

Изложбата е поставена во националната установа „Галерија“ во стариот турски амам, а ќе може да се види до четврток. Со ова, по 23 години Тетово повторно е домаќин на наголемата државна изложба на фотографии.

Според  претседателот на  Фото сојузот на Македонија Боро Рудиќ, 56. издание на Деновите на македонската фотографија е доказ дека оваа манифестација е меѓу најдолготрајните континуирани, без ниту еден прекин манифестации во земјава.

Тој смета дека во услови кога дигитализацијата масовно го зголеми бројот на фотографи и овозможи тие секојдневно да се снимаат, вакви изложби претставуваат мали бисери.

- Со печатењето, авторот го затвора својот авторски чин. Со изборот на хартија, текстура, формат, тоналитет, колорит тој го претставува тоа што го гледа или го има видено во текот на снимањето на фотографијата. Гледачот може да застане прет отпечатеното и да го гледа половина час, да дојде утре и пак да ужива во чувството што му го создава отпечатената фотографија. Тоа е разликата меѓу ова што го гледаме тука, во оваа галерија, и фотографијата што ја гледаме на нашите компјутерски екрани каде со еден клик преминуваме на друга фотографија или некоја информација што ќе ја уочиме во тој момент заборавајќи ја фотографијата во дел од секунда, рече Рудиќ.

Покрај Фото сојузот на Македонија, коорганизатор на Деновите на македонската фотографија е и Фото групата „Чкрап“ од Тетово. Нејзиниот член Зоран Андонов беше дел од тричленото жири за избор на фотографиите од изложбата.

- Жирирањето секогаш се сведува на субјектиниот поглед кон естетиката на фотографијата. Јас, Раде Луковиќ и Филип Филиповиќ моравме да прегледаме и оцениме над 300 фотографии од  64 автори кои пристигнаа за годинашниве Денови на македонската фотографија и да го одбереме тоа што според наше мислење е најдоброто за оваа манифестација. За некои фотографии долго дискутиравме, разменувавме аргументи за и против но за некои добри фотографии сите тројца бевме едногласни. Особено за оние што ги добија наградите. Како жири бевме исклучително задоволни што годинава пристигнаа и многу извонредни фотографии особено од млади автори кои допрва ќе се афирмираат на полето на фотографијата во Македонија, изјави Андонов.

Наградените фотографии беа поделени во три категории при што кај поединечната фотографија во сениорска конкуренција првата награда ја доби Драги Неделчевски од „Чкрап“, во истата категорија во младинска конкуренција првонаграден е Стефан Ѓоргиевски од Фото кино клубот Битола, а во категоријата колекција фотографии, првата награда ја доби самостојниот автор Дејан Колевски. 

Италија ќе го ратификува договорот за придружување на РСМ кон НАТО

Горниот и долниот дом на италијанскиот Парламент до крајот на овој месец или до почетокот на април ќе го ратификува договорот за придружување на Република Северна Македонија во НАТО.

Тоа го најави потпретседателката на италијснаскиот Сенат ,Паола Таверна и потпретседателот на Домот на пратениците , Еторе Росато на средбата со претседателот на Собранието , Талат Џафери , кој учествува на 16. конференција на претседателите на парламентите од Јадранско- јонската иницијатива , што се одржува во Будва, Црна Гора.

Италија ќе продолжи со поддршката на земјите од Западен балкан и во нивнтие напори да зтанат полноправни членки на ЕУ , рече Таверна.

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – еден повреден (ВИДЕО)

Вечерва на улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на Макоил се случи тешка сообраќајна несреќа.

Во сударот на автомобил Мерцедес , кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф , кое се движело по улицата Скупи , Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел , велат очевидците. Сообраќајката се случила околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките , додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

Во тек е увидот на самото место , а улицата Скупи е блокирана за сообраќај.

Зошто француската министерка за европски работи го нарече својот мачор – Брегзит

,,Секое утро ме буди со мјаукање дека сака да излезе надвор , а кога ќе му отворам , стои неодлушно” , така се пошегува француската министерка натали Лоазо со маката на Британците.

Француската министерка за европски работи , Натали Лоазо објасни зошто својот мачор го нарекла Брегзит , саркастично коментирајќи ги мачните обиди на Британија да ја напушти Европската Унија.

,,Да , мислам дека треба да имам одредена доза на хумор , за овие денови да се справувам со Брегзитот, не само јас туку у моите соработници.” , вели министерката Лоазо пред почетокот на разговорите на министрите за Брегзит , што се одржа во Брисел.

Таа објасни зошто на фејсбук објавила фотографија со мачорот , кого го нарекла Брегзит.

,, Секое утро ме буди со бесконечно мјаукање зашто сака да излезе, а кога му ја отворам вратата тој стои неодлучен и лошо ме гледа кога ќе го пренесам надвор.” , вели Лоазо , која порача дека е крајно време да се знае што конкретно ќе преземе Лондон за да го почитува договорот и да излезе од Унијата.

притисни ентер