Ракија која лечи: Рецепт за ликер за штитна жлезда и забрзување на метаболизмот!

Нашите предци многу добро знаеле дека е многу поефикасен од други лекови.

Оревите имаат широк спектар за лечење на болести, а многу помага за проблемите со тироидната жлезда, грлото, респираторниот систем и бронхитис, но исто така и за зајакнување на имунолошкиот систем.

Народната медицина ја препорачува ореовката за лекување на анемија, како и прва помош за стомачни проблеми и за забрзување на варењето на храната.

Сега е вистинско време за берење на млади, зелени ореви и за правење ликер од ореви или ореовка.

Потребни ви се : 40 млади ореви, 1кг мед, 1 литар ракија.

Подготовка: Ставете ракавици и исецкајте ги младите ореви, ставете ги во поголема стаклена тегла, па над нив, додадете 1 кг мед и 1 литар ракија. Затворете ја теглата со соодветен капак и оставете ја теглата на сонце 40 дена.

Повремено мешајте ја содржината со пластична лажица.

Примена: Секое утро на празен стомак напијте се по една мала чашка ракија од овој ликер.

Ореовката е исклучително богата со јод па затоа е идеален лек за болести на тироидната жлезда. Пред да се послужите со ореовка, малку промешајте ги состојките за да се подигне лековитиот талог. Како аперитив ореовката служете ја со мраз и парче лимон.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер