Сепак, градежниците се оптимисти. Сметаат дека со квалитетни проекти и динамично движење ќе имаме раст во градежништвото.
Апелираат, инвестициите особено во големите капитални проекти да продолжат.
„Сметаме дека со започнување на активностите и градежната офанзива на неколку делници, како и на предвидените проекти поврзани со железница, гасификација, изградба на нови водоводи и канализации, нови градинки и училишта низ повеќе општини во РМ, тој тренд на негатива ќе се надмине, потребно е да се постави одредена динамика во која точно ќе се знае обезбедената инвестиција, динамичката реализација, начинот на плаќање, редовно сервисирање во делот на плаќање, редовно извршување на обврските кои се предвидени каде влегуваат временските услови.“ Ивица Јаќимовски.
Оптимисти се и во владата. По зимскиот период во кој градежната активност се намалува, а и по периодот на ревизија на наследените проекти од претходната влада, министерот за транспорт Сугарески најавува градежна офанзива за втората половина од годинава.
„Нашите очекувања се дека имаме сериозност висок раст на градежништвото во втората половина од годинава, бидејќи од март април имаме сериозно интензивирање една градежна експанзија, во јуни и јули. Инвестициите во делот на градежништвото ќе бидат сериозни.“ – Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Освен капиталните проекти финансирани од државата, градежниците порачуваат дека се важни и инвестициите во високоградбата.
Ја поздравија одлуката да продолжи мерката за данок од 5 проценти за станови.
Според нив простор за градење има, а цените на становите нема да се намалат.