Планот 18 по стапките на планот 3-6-9

Само решение за името не може да гарантира сигурен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. 

За сите, па и за власта веќе е јасно дека без компромис со Грција дефинитивно не добиваме датум, но исто така, со решение, но без реформи, препораката од Советот на Европа ќе “виси во воздух”.

Вице премиерот Бујар Османи денес кажа дека е готова драфт верзијата на новиот владин реформски план наречен “18” кој практично ќе биде продолжение на фамозниот 3-6-9. И тука, реформите во судството, владеењето на правот, јавната администрација, слободата на медиумите и реформите во безбедносните служби ќе бидат во фокусот.

Според Османи потребно е да им се покаже на европските земји дека Македонија длабоко се реформира и дека заслижува еден ден да биде дел од унијата.

Според познавачите на процесите потребно е реформите да продпжат и интензивираат во областите кои се означени и од владата како приоритетни. За Симонида Кацарска од Институтот за Европски политики, важен е и квалитетот,а не само брзината со кои ќе се носат реформските закони..

Како и да е, предупрадувањето во форма на нон пејпер, позади кој се потпишаа две моќни земји членки на ЕУ, Франција и Холандија, со кој се бара или предлага, да не се брза со отворањето на преговорите со Македонија бидејќи земјава се уште не била подготвена за тоа, е доволно силен сигнал за владата дека реформите не смеат да се одлагаат или да служат за политички пазар со опозицијата. Уште повеќе што тие во основа имаат функција на граѓаните да им го направат по поднослив животот во Македонија.

Најмалите француски модели заминуваат во историјата

По раскинувањето на ,,бракот” со Тојота, групацијата ПСА одлучи да го прекине производството на своите супермини возила.

Одлуката е конечна, а тоа значи дека Citroen C1 и Peugeot 108 заминуваат во историјата. Иако нема потврда, Ројтерс дознава за ова од три различни извори, а причината е една - парите. Имено, супермините се товар само на производителот, тие не носат профит и нивната популарност опаѓа. Со поригорозните стандарди за емисија на штетните гасови, ќе мора да направат модификации на моторот, но и да инсталираат скапи системи за филтрирање на издувните гасови, што дополнително би ја зголемило цената на автомобилот.

Добрата вест е дека постои шанса за еден вид наследник. По обединувањето со FCA, можно е Французите да му го препуштат развојот на најдобрите во А сегментот - Fiat. Панда, а особено 500 се имиња кои се наоѓаат на европските патишта со децении.

Ибрахимовиќ ги воодушеви своите фанови со објава на социјалните мрежи

Шведскиот фудбалски мајстор Златан Ибрахимовиќ (39) испрати јасна порака до напаѓачот на Интер, Ромел Лукаку, по победата во градското дерби (2: 1) во кое ги постигна двата гола за „росонерите“.

„Милан никогаш немал крал, но има Бог“, напиша на Твитер Ибрахимовиќ (39).

Тоа бил неговиот одговор на Белгиецот кој во февруари по последното Derby della Madonnina, во кое Интер победи со 4-2, напиша „Нов крал пристигна во градот“.

Осум месеци подоцна, Ибрахимовиќ одговори во свој стил.

Од вторпат во редовите на „росонерите“ во декември минатата година, Ибрахимовиќ постигна 16 гола на 23 настапи.

По четири одиграни кола во Серија А, Милан води со максимални 12 бода, додека Интер е шести со седум бода.

Хит на ТикТк со 3 милиони прегледи: Жена се трка во 9-ти месец од бременостa(ВИДЕО)

Видеото на 28-годишната Макен Мајлер која трча во деветтиот месец од бременоста стана вирален хит.

Оваа Американка трчала пет до шест пати неделно во текот на целата бременост. На почетокот на бременоста се загрижила како би изгледало нејзиното трчање во подоцнежната фаза. Таа му рекла на својот сопруг дека проценила дека сепак ќе успее да истрча 1,6 километри за 7 минути.

„За да ме мотивира, тој рече дека ќе ми даде 100 американски долари ако можам да истрчам милја за осум минути, и тоа во деветтиот месец од бременоста“, рече таа за „Базфид“.

Не само што успеала да го одржи ветувањето, туку го сторила тоа за 5:25 минути, а не за осум, како што бил договорот. Видеото на ТикТок во кое трча е прегледано над 3 милиони пати.

"Мојот прв лекар ме поддржуваше затоа што порано работел со спортисти. Вториот беше малку поскептичен, се додека не направивме ултразвук што покажа дека бебето е целосно здраво. После тоа, тој само ја истакна важноста на поголемиот внес на калории", објаснува Мајлер.

„Општо, ако некој направил одредени вежби пред бременоста, може да продолжи да ги прави и за време на бременоста, со некои исклучоци (топла јога и спорт со близок контакт, на пример). Треба да се преземат општи мерки на претпазливост, односно да обрнете внимание на хидратацијата, запрете при вртоглавица или ако се чувствувате болни. И, се разбира, ако станува збор за ризична бременост и лекарот ве советувал на одмор, тогаш треба да се избегнува физичка активност “, додава д-р Џенифер Линколн за BuzzFeed.


притисни ентер