Прибе: Напредокот е видлив, но треба уште да се работи

Извештајот на Европската Унија за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области.

Но постојат и повеќе други каде уште многу мора да е работи за да се спроведат неопходните реформи во евроинтегративниот процес, истакна Рајнхард Прибе кој учествува на Меѓународната научна конференција за реформите на безбедностниот систем во Охрид. Тој потенцираше дека нема детален увид во она што е направено во текот на изминатите две години по однос на двата извештаи кои ги изготви неговата експертска група од 2015 и 2017 година.

Најголемиот недостаток на успехот на реформите во судството е неприлагодената брзина со која Владата ги носи стратегиите, рече претседателот на Хелсиншкиот комитет за човекови права Гордан Калајџиев на завршната конференција на проектот мрежа 23 плус.

Критиката е неопходна затоа што само така институциите можат да јакнат особено ако ги зајакнеме контролните механизми истакна премиерот Зоран Заев . Тој рече дека 2018 година ќе биде клучна за судските реформи.

На конференцијата се обрати и министерката за правда Рената Дескоска која рече дека се потребни суштински реформи. Специјалната обвинителка Ленче Ристоска потенцираше дека СЈО и натаму ќе отвора нови истраги, но и дека е потребно законско решение кое ќе биде трајна основа за продолжување на работата на обвинителството. Додека од Државното јавно обвинителство се пожалија на кадровски недостаток на јавни обвинители.

Седумдесет и четири годишен маж починал по пад од мотокултиватор

 На патот Делчево -  планина Голак, над манастирски комплекс „Балаклија“, С.С.(74) вчера додека управувал мотокултиватор, изгубил контрола и излетал од патот. Потоа од здобиените повреди тој починал.

Како што соопшти МВР, лекар од Клиничката болница Штип констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Почна реконструкција на покривот на градинката во штипската населба Автокоманда

Почнува реконструкцијата на покривот на клонот „Развигорче“ во населбата Автокоманда, кое е во рамките на детската градинка „Вера Циривири-Трена“–Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска изврши увид истакна дека по речиси половина век овој објект ќе добие нова покривна контрукција. Градежните активности почнаа денеска, а Јорданов најави дека по завршување на реконструкцијата на покривот ќе се постават и фотоволтаични панели.

-Започнуваме со активности за промена на кровната конструкција на клонот „Развигорче“ во детската градинка „Вера Циривири Трена“ во населбата Автокоманда. Веднаш по завршување на реконструкцијата на кровната конструкција ќе се поставуват фотоволтаични панели на истата кровна контрукција, рече Јорданов.

Посочи дека инвестицијата е вредна повеќе од 11 милиони денари.

- Станува збор за проект поддржан од Амбасадата на Словенија.Повеќе од 11 милиони денари се обезбедени преку буџетот на Општина Штип и преку Словенечката амбасада за реконструкција на оваа кровна конструкција која повеќе од 45 години е стара, создаваше проблеми во воспитно-грижувачкиот процес на повеќе од 270 дечиња, рече Јорданов.

И покрај градежните активности, во овој објект се згрижуваат децата од претшколска возраст од штипската населба Автокоманда.

Во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти

Со одлуката за издавање на новите лични карти Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ поради неусогласеноста.

Од денеска во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти, за кои во земјата имаше реакции од помали групи граѓани, кои тврдеа, меѓу другото, дека содржат чипови со кои ќе бидат следени, јави дописничката на МИА од Атина.

Со одлуката за издавање на новите лични карти Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ поради неусогласеноста.

- Грција го прави следниот чекор во безбедноста на граѓаните со издавање нова безбедна лична карта за грчките граѓани, одговарајќи на европската регулатива, но и на барањата на меѓународните тела, соопштија од надлежните министерства.

Процесот на издавање започнува електронски, со закажување термин, а потоа и посета на полициска станица, каде што ќе се врши фотографирањето, но граѓаните имаат опција да достават и нивни фотографии од професионално фото студио.

Старите лични карти во Грција немаат ограничена важност, односно на самиот документ не пишува кога истекува, додека пак замена, најчесто се врши при загуба, оштета, кражба и сл.

Во земјата имаше и реакциите против новите биометриски лични карти, што започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски, а паралелно одржаа и протести во Солун и Атина.

притисни ентер