Заев и Коѕијас едногласни – прашање на денови е кога ќе се случи разговорот со Ципрас

Најрано во четврток, а најдоцна до недела, премиерите Заев и Ципрас треба да ги стават потписите на Договорот за името, распослан на 20 страници – настан што ќе се одржи во грчкиот дел од Преспа..

Се чека само да поминат утрешните протести, најавени во 13 градови во северниот дел на Грција, за да се случи клучниот телефонски разговор на двајцата премиери, по кој експресно би се закажало и потпишувањето..

Со договорот, кој во македонското Собрание треба да стигне на ратификација најдоцна до 20 јуни, двете страни ќе го добијат тоа што им е најважно - за Атина решение „ерга омнес“, за Скопје зачувување на македонскиот идентитет и јазик... Околу последното, како што веќе објавивме вчера, постојат различни интерпетации, но и уверување дека разликите не се толку големи за да го доведат во прашање целиот договор.

Премиерот Заев денеска беше внимателен и не сакаше да открива никакви детали.

Дека денови не делат од објавување на договорот, потврди и шефот на грчката дипломатија Коѕијас, во синоќешното интервју за ЕРТ. Пролонгирање, според него, се должи на македонската страна, која, како што рече, откако ги сфатила големите тешкотии за спроведување на договорот, побарала тој одново да се разгледа и да разговора за одредни појаснувања... Но, Коѕијас инсистира дека се е договорено уште во Њујорк, а потоа уште еднаш „прочешлано“ во Брисел. „Сѐ што требаше да се направи како корекција, е направено“, рече Коѕијас.

„Сега дојде време да се каже големото ‘да’ или големото ‘не’. Договорот не е трка на 100 метри, има успони и падови и мора да имаме трпение. Но, додека нема потписи на договорот, ништо не е готово. Мислам дека раководството на ПЈРМ носи многу тешка и правилна одлука за која е потребна голема политичка храброст, голема политичка зрелост и мислам дека тоа го покажуваат и ќе го покажат. Исто така, мислам дека ги објаснуваат и придобивките што постојат за нивната страна. – изјави Коѕијас.

Повторно опожарени возила во Скопје, овој пат три автомобили во Кисела Вода

Продолжува опожарувањето на автомобили во Скопје.

Денеска на мета биле три возила во Кисела Вода.. Пожарот го забележале и пријавиле граѓаните околу 5 часот утринава. Огнот зафатил Ауди со кумановски регистарски таблички, како и Рено и Фиат Пунто со скопски регистрации, соопштија од МВР.

За среќа, брзата интервенција на екипите на противпожарната бригада спречила дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР..

Членовите на историската мисија на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата

Екипажот на „Поларис дон“ (Polaris Dawn) денеска се врати на Земјата откако пет дена помина во орбитата. Капсулата „Драгон“ (Dragon) падна во море во близина на брегот на Флорида.

- Добредојдовте назад на Земјата, објави „СпејсИкс“ на социјалната мрежа Икс (X).

Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека мисијата на „СпејсИкс“ претставува „голем чекор напред“ за комерцијалната вселенска индустрија.

Мисијата ја финансираше милијардерот Џаред Исакман. Нему му се придружија Скот Потет, пензиониран пилот на американските воздухопловни сили и вработените во „СпејсИкс“, Сара Гилис и Ана Менон. Исакман и Гилис се првата непрофесионална екипа која изведе прошетка во Вселената. Пред тоа, само астронаутите со вселенски агенции финансирани од владата можеа да го направат тоа./МИА

ВРЕДИ: На четири тендери исплатени близу еден милион денари на фирма на внукот на Азири

Коалицијата Вреди и денеска на прес-конференција продолжи да објавува информации за тендери поврзани со фирми на семејството на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт.

-Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, Артан Груби. Денес продолжуваме со објавување нови сознанија за тоа како истата фирма, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири земала тендери од Општина Липково, од средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, од гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и ЈЗУ Здравствен Дом – Куманово, истакна Бујаре Абази од Коалицијата ВРЕДИ на денешната прес-конференција.

На овие четири тендери, нагласи, фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, дала понуди за набавка на компјутерска опрема за што и биле исплатени без малку 1 милион денари.

-Овие информации јасно покажуваат дека без разлика дали се работи за набавки од помала или поголема вредност, без амин на ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту денар. Очигледно е дека ДУИ владеел како мафијашка структура која не се воздржувала да ги злоупотребува народните пари за остварување политичко влијание, посочи Абази.

Во мрежата на ДУИ, како што кажа, се фаќале сите политичари „кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење“.

-Затоа, го охрабруваме раководството на опозицискиот Европски Фронт, добро да му објасни на своето членство зошто клучните поранешни функционери на Али Ахмети и Зијадин Села се под сомневање за политичка корупција, порача Абази.

притисни ентер