Половина милијарда евра за изградба и реконструкција на патниот Коридор 8

Над половина милијарда евра ќе бидат инвестирани во изградба и реконструкција на патниот Коридор 8.

Фреквентноста на делницата Тетово – Гостивар причина автопатот да добие дополнителна лента. Се подготвува и проектна документација за целосно нов автопат од Гостивар до Кичево, изјави министерот за транспорт Сугарески.

„Покрај оваа рехабилитација што се прави на делницата Скопје – Тетово, планирано е во втората половина од 2018 година да се распише тендер за проектирање на автопатската делница од Тетово до Гостивар, дополнително се работи на државниот пат Гостивар – Кичево со инвестиција од 6 милиони евра, а паралелно се работи и на проектот за изградба на нов автопат Гостивар – Кичево. Покрај бројните рехабилитации, интензивно се работи и во делот на автопатот Кичево – Охрид.“, изјави министерот Горан Сугаревски,

Од Скопје до Тетово по една коловозна лента ќе се вози уште овој месец. Како дел од оваа делница, се финализира реконструкцијата на патот Сарај – Групчин во должина од 17 километри. За него се одвоени 70 милиони денари.

„Сите кернови што се извадени го исполнуваат квалитетот според сите стандарди. Дополнително сме мотивирани бидејќи овој пат е многу фреквентен. Од кога ќе се заврши, а ќе се заврши до 30. Јуни Сарај – Групчин, се префрламе од другата страна каде има големи оштетувања и ќе одделиме 10 милиони денари за Групчин – Карпалак, на оштетените места во должина од 2 километри да бидат санирани.“, Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

Рехабилитацијата на голем број регионални патишта ќе продолжи и во наредниот период. До крајот на јуни ќе биде отпочната реконструкција на 18 патишта преку програмата на ЈП Државни патишта. Со 86 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, пак, ќе се интервенира на 26 патни правци.

Фото: Тангите на Карлеуша

Популарната и атрактивна пејачка Јелена Карлеуша ужива на одморот во Турција, со неа уживаат и нејзините фанови.

Сексапилната Карлеуша со своите жешки фотографии од луксузниот одмор редовно ги импресионираше и инфорормираше фановите на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка секојднево ги информираше следбеници за секојдневните активности и редовно го освежуваше својот профил на Инстаграм со провокативни фотографии.

Нејзините фанови се согласни дека пејачката има нов заштитен знак на плажа а тоа се минијатурните танга бикини.

Провокативната Џеј кеј на плажите во Турција сменила навистина голем број на бикини кои имаат една заедничка работа, сите се минијатурни и долниот дел од костимот за капење е танга.

Видео: Маестралниот Лилард во кошот на Далас испорача 61 поен

Неверојатниот бек на Портланд Демијан Лилард ја обележи ноќта меѓу вторник и среда во НБА лигата.

Предводникот на Блејзерси во големата драма против Далас учествуваше со рекордни 61 поени, Лилард погоди дури 9 тројки.

Популарниот „ Dame time" беше најзаслужниот за триумфот на Портланд над Далас од 134 – 131.

Со импозантното остварување Лилард утрово стана првиот кошаркар во историјата на Портланд кој на две средби во низа постигнал 50 + кошеви.

Претходно Лилард со 51 поен го водеше Портланд до победа над Филаделфија.

На 60 пред крајот резулатот беше израмнет 130-130. Лилард прво погоди неверојатна тројка за водство на Портланд а потоа и му асистираше на Вајтсајд за предност, на крајот ѕвездата на далас Лука Дончиќ погоди едно од двете слободни фрлања за конечни 134-131.

Град Скопје: Продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба

Град Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат поволноста за бесплатно собирање на остатоците од бербата, со што ќе се придонесе за спречување на палење на стрништата.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.

Минатата година оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет и даде одлични резултати - бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад. Оваа година, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.

притисни ентер