Поглавјето 23 клуч за добро владеење и прв чекор кон ЕУ

Во Скопје денеска се одржува завршната конференција на проектот Мрежа 23+ насловена „Поглавје 23:

Правосудството, борбата против корупцијата и човековите права се трите теми содржани во поглавјето 23 на кои е работено во изминатите две и пол години во рамки на проектот спроведуван од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за европска политика во соработка со 15 организации и девет грантисти.

Во Скопје денеска се одржува завршната конференција на проектот Мрежа 23+ насловена „Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за одбро владеење?“ на која меѓу другите учествуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска и претставници од сферата на правосудството и невладиниот сектор.

- Преговорите за пристапување се конечна фаза од процесот на интегрирање на земјите кандидатки на ЕУ, порача премиерот Заев пред присутните учесници на завршната конференција.

Потсети дека по шестиот бран на проширување ЕК одлучила во преговорите со земјите кандидатки поглавјата 23 и 24 да бидат отворени први.

- Нам како земја која почна со овие реформи и како земја која доби чиста препорака и очекува датум, ни е сосема јасно дека ниту ЕК, ниту земјите членки нема да прифатат половично реализирани реформи. Ниту нам не ни се потребни половични реформи. Зборуваме за коренити реформи. Сите на крајот треба да ја отвориме кутијата на правосудството и без разлика дали е Пандорина и храбро и отворено да продолжиме со реформите, само така може да градиме европска држава, нагласи премиерот.

Тој додаде дека 2018-та ќе биде година на најважните правосудни реформи откако земјата е кандидаткна за членство во ЕУ.

Тука ги спомена реформите во Судскиот совет, на начинот на избор и разрешување на судии, работата на Академијата за судии и обвинители и посочи оти тоа е само почеток.

- Пристапот до правдата за сите мора да биде целосно гарантиран, порача Заев и додаде дека поради тоа се покренати и измените на Законот за бесплатна праван помош.

Потенцира дека Република Македонија мора да биде земја со нулта толеранција за корупцијата, а законските пакети од оваа сфера мора да бидат сеопфанти и ефикасни и во таа насока е потребно да се обезбедат и поголеми ингереници на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Вицепремиерот Османи истакна дека пристапувањето во ЕУ е долгорочен процес, но не бескраен и процес кој е врзан со една Влада или една политичка партија.

Тој истакна дека земјата преку Планот 3-6-9 ги спровела реформите соджрани во него, а сега се раководи од Планот 18 кој вчера бил презентиран пред Делегацијата на ЕК.

Планот 18, кој како што рече Османи, е во драфт веризја, утре тој ќе го презентира во Брисел, а од петок со него да биде запозната и опозицијата.

Министерката Дескоска пак посочи дека на Поглавјето 23 не смее да се гледа како на Пандорина кутија, туку како на отворање пат за добро владеење што нема да биде лесен и на кој ќе има многу препреки, но чие отворање е потребно заради воспоставување на добро владеење на правото и правна сигурност на граѓаните.

Директорката на Инситутот за европска политика Симонида Кацарска нагласи оти со завршување на проектот работата на ова поглавје допрва започнало и додаде оти владењето на правото е тема која што се отвора и во самата ЕУ, каде дури се размислува тоа да се услови со финансирање на европската помош.

Пред присутните се обрати и професорот Гордан Калајџиев кој е претседател на Хелсиншкиот комитет и кој истакна оти ако ситуацијата во оваа сфера се прифати онака како што политичарите ја прикажуваат тогаш „најдобро би било сите да си одиме дома“.

Тој добил впечаток дека спроведувањеето на овие реформи како да сакало да се направи преку ноќ и додаде оти интенциите се добри, но проблем секогаш биле роковите.

Посочи оти не само што во Македонија постои болест во првосудниот сектор што континуирано бил нагризуван во изминатите десет години, туку во земјата постои и јаз меѓу секторите внатрешни работи и правосудство.

- Постои стриктна поделеност меѓу овие два система кај нас и тоа е најголемиот проблем, рече Калајџиев.

Изрази надеж дека во целиот овој процес на реформирање на правосудниот систем ќе има поголема вклученост на научната фела.

Каселакис: Посакувам да бидам достоен на наследството што ми го остави Ципрас

Посакувам да бидам достоен за наследството што ми го предаде Ципрас. Одиме напред,  рече новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис по средба со неговиот претходник и поранешен премиер Алексис Ципрас,јави дописничката на МИА од Атина.

По вчерашниот втор круг на изборите за лидер на СИРИЗА и победата на Каселакис , стариот и новиот претседател на партијата се сретнаа денеска во канцеларијата на Ципрас во грчкиот Парламент.

Ципрас го посоветува неговиот наследник да ужива во првите денови, бидејќи како што рече, за оние кои влегуваат во политиката „радостите не се изобилни, а тешкотиите континуирани“.

-Треба да дадеме надеж и перспектива со единство, истакна Ципрас на почетокот од средбата. /МИА

Трајковски: Петдневно затворање на маркетите е доволно за компаниите

Според директорот на ДПИ, Горан Трајковски доволни се пет дена затворање на маркетите кои не ги почитуваа мерките за намалување на цените на предвидените прехрамбени производи. 

Затворањето на маркетите кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата инаку е предвидено од 3 до 30 денови. По 50 инспекциски контроли извшени во саботата, според Законот за нефер трговски практики беа затворени 5 објекти на ланци на големи супермаркети , а парично казнети 7.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека и натаму ќе продолжи инспекциската контрола во маркетите, но покрај тоа , најавени се и засилени контроли во трговијата на големо и кај производителите, за да се увиди дали ја почитуваат одлуката на Владата тие да испорачуваат 70% од количината на прозиводите што ја снабдувале во август.

Бектеши најави дека утре се очекува да се донесе одлуката за намалување на цените безалкохолните и алкохолните пијалоци,а во тек е и анализата за тоа дали има простор за намалување на цените на хигиенските производи, која се очекува да биде завршена во текот на оваа недела.

Дечанскиот манастир предупредува на дезинформации: Во манастирот Бањска не е пронајдено оружје

„Во самиот манастир Бањска и неговите простории не е пронајдено оружје. Црквата нема никаква врска со овој трагичен настан, а монасите и верниците се фатени во вкрстен оган“

Стои во соопштението на Дечанскиот манастир во врска со вчерашната вооружена пресметка во манастирот Бањска, јави дописникот на МИА од Белград.

„Вчера и денеска имаше низа дезинформации и лажни вести кои се проширија за трагичните настани вчера на Косово и Метохија. Меѓународните претставници потврдија дека косовската полиција по претресот вчера попладне открила оружје само во напуштените возила на непознати вооружени лица во близина на манастирот. Како што се наведува во вчерашното соопштение на Епархијата, вооружени лица со маски ја пробиле заклучената порта на манастирот и размениле оган со полицијата“, се наведува во соопштението од Дечанскиот манастир, предмалку објавено на Фејсбук.

„Според меѓународни извори во Косово, при претресот во манастирот и неговите објекти, не е најдено оружје. Црквата немаше никаква врска со овие трагични настани, а монасите и верниците се најдоа само во вкрстен оган. Фала му на Бога што никој во манастирот не беше повреден. Верниците од Нови Сад се очекува денеска да се вратат дома“, се наведува во соопштенеито.

Во него се додава дека злонамерните напади и ширењето лажни информации на некои социјални мрежи на Косово, кои се насочени кон СПЦ, нашите монаси и поклоници во манастирот Бањска, кои претрпеа голем стрес и поминаа низ тешка ситуација, не придонесуваат за мир, туку само ги зголемуваат меѓуетничките тензии во Косово.

СПЦ на Косово беше меѓу првите што вчера го осуди насилството на северот на Косово, повика на мир и изрази сочувство за сите што ги загубија животите.

-Нашите монаси и верници во манастирот Бањска, каде вооружена група влезе насилно бегајќи од полицијата и даваше отпор, беа изложени на директна опасност за нивната безбедност и заслужуваат солидарност и почит, наведуваат од Дечанскиот манастир, во кое се потенцира дека СПЦ останува цврсто ангажирана во решавањето на сите проблеми на Косово по мирен пат и преку дијалог.

притисни ентер