Последно отворено прашање јазикот: makedonski или macedonian?

Како да се напише јазикот во графата во Обединетите нации е последната битка што ја водат македонската и грчката влада пред договорот да биде официјализиран..

Според информациите на Канал 5, не е спорно дека тој ќе биде именуван како „македонски“, што било договорено од поодамна, а потврдено и на последната рунда преговори на Димитров и Коѕијас во Брисел, но проблемот се појавил потоа, кога експертите од двете страни седнале да го комплетираат текстот на договорот, што е предуслов да се случи најавениот финален телефонски разговор на Заев и Ципрас.

Грција бара тој да биде напишан во оргиналната форма, со латинична транскрипција, како „makedonski“, што всушност беше предлог и на медијаторот Нимиц на самиот почеток од преговорите. На ваков начин, сметаат дека ќе се опише словенското потекло на јазикот.

Позицијата на македонската страна ова е целосно неприфатливо, во услови кога и сега, во графата во Обединетите нации јазикот е запишан со превод на англиски како „Мacedonian“ , како и со превод на француски.

Ова прашање се сметаше за затворено, а го потврди и премиерто Заев, на прес-конференцијата минатата недела, кога го најави договорот.

По оваа изјава на Заев, Нова демократија преку соопштение го прозва Ципрас да каже дали навистина прифатил признавање на македонски јазик и македонски идентитет.

Грчката влада официјално не коментираше, но порпаролот Ѕанакопулос во интервју се повика на ставот соопштен многупати од Коѕијас дека „македонскиот јазик е признаен од 1977 во Обединети нации, а вината за тоа е во тогашната влада на Караманлис“.

Деновиве, докумените од Конференцијата за која се говори ги објави професорот Тони Дескоски. Во нив јасно се гледа дека настанот се одржал во Атина, а писмото било кодифицирано како „македонска кирилица“, преведно на англиски.

Како ќе се надмине оваа последна пречка за официјализирање на Договорот, останува да се види следните денови, иако месеците наназад како можен компромис се споменува именувањето да биде „Macedonian“ но со ѕвездичка, која ќе објаснува дека станува збор за јазик од словенската група на јазици.

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи

Измена на КЗ, политичка одлучност и консензус за тешки реформи, во фокус на сесијата на Работната група - 4, Поглавје 24.

Измена на Кривичниот законик, визија, политичката одлучност и консензус за спроведување на тешки реформи се дел од препораките за кои се дискутираше денеска на тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност.

На сесијата на тема „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“ што се одржа во Скопје, Кристиан Туркаљ, правен експерт за Западен Балкан, главен преговарач во преговарачкиот тим на Република Хрватска, сподели дека за да се оди забрзано на патот кон ЕУ, потребно е да се остварат некои претпоставки, како што се одлучност и консензус за реформи.

- Според мене, клучна е визијата, одлучноста на политичката елита во Македонија, еден консензус на главните чинители тоа вистински да се сака, како би се спровеле тешки реформи. Тука доаѓа до тоа да се биде способен да донесеш тешки одлуки, односно, да не се избегнува донесувањето на одлуки. Одложувањето на одлуките само го одложува процесот и всушност гледаме дека процесот станува сѐ покомплексен, рече тој.

Во однос на прашањето дали тие тешки одлуки се уставните измени, тој одговори дека не би зборувал конкретно за Македонија, но, дека тоа било случај во Хрватска.

- Во случајот на Хрватска тоа вклучуваше, да, и измени на Уставот кои потоа овозмжија примена на Европските прописи во Република Хрватска, дополни тој.

На сесијата, Туркаљ посочи дека треба да се препознае и да се искористи шансата. Тој потенцираше дека независните тела во правосудството мора да имаат капацитет кој опфаќа доволен број на кадар, но, и способен кадар кој што знае да постапува.

Според него, стагнацијата на напредокот може да доведе до блокада и доколку нашата држава сака да оди напред, таа треба да го стави целиот интелект на овие поглавја.

Александра Деаноска Трендафилова, професорка на Правен факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и координатор на работната група, на сесијата истакна дека основната порака е дека сме свесни дека состојбите на правото се под мониторинг и дека треба да се проучи механизам за владеење на правото, односно, како што рече, „околу што се врти целата оска“.

- Треба да ги читаме извештаите и директивите што ги даваат другите држави и ЕУ. Имате фиксни параметри што треба да ги исполните, тука може да земеме пример од држави кои добиваат забелешки, а се слични на нашиот систем, да видиме како се соочуваат и да стигнеме до решенија, рече таа.

Во изјава за медиуми по воведните обраќања, таа истакна дека е неопходно да ја почитуваме предлог-директива која е дел од иницијативите на Европската Комисија за зајакнување на антикорупциската рамка и борба во Унијата против корупцијата.

Образложи дека како препорака од денешната дискусија ќе произлезе надлежните министерства, конкретно Министерството за правда, да ја разгледа предлог-директивата и да предложи повторни измени на КЗ, бидејќи, како што рече, ако го чекаме донесувањето на новиот КЗ, тоа ќе потрае.

- Оваа предлог-директива борба против корупцијата, иако не е финален документ, и нас не нѐ обврзува, не треба да заборавиме дека сме во процес на евроитнеграции, усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, па дури и она што е во фаза на предлог, бидејќи е израз на политиките на ЕУ. Во таа предлог директива, дадена е минимална листа на кривични дела на корупција кои што треба да бидат инкриминирани во кривичните законици на земјите членки на ЕУ, вклучително и делото „злоупотреба на службената положба и овластување“. Нешто што во јавноста беше предмет на дискусија дали воопшто треба да постои како дело, рече таа.

Дополни дека во поглед на предложените казни, тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот Кривичен законик, и како што рече, тие особено се намалија кај делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ со измените на КЗ од септември 2023. Предлог-директивата, како што дополни, е донесена во мај 2023 година.

Трпе Стојановски, НКЕУ-МК експерт, професор на Факултет за безбедност, УКЛО – Битола, потенцираше дека ако една држава сака да покаже перформанси, одржливост и борба против корупција мора да инвестира во квалитетна јавна администрација.

По воведните обраќања дел од сесијата е експертска анализа пос која ќе има презентација, дискусија и усвојување на препораки.

Јанчев: Кавадарци станува зелена општина

Кавадарци станува зелена општина – вели градоначалникот Митко Јанчев. 

Изминативе години реконструирано е јавното зеленило на површина од 130.000 метри квадратни, рече меѓудругото првиот човек на Општина Кавадарци.

Целата изјава на градоначалникот Јанчев, погледнете ја во видеото.

Демири и Манолева: Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации ...

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила - зајакнати капацитетите во изминативе години.

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид.

-Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување на нивото на здравствена заштита, рече министерот Демири.

Со обнова на опремата за лабораторија и медицинска апаратура се прошири делокругот на анализи кои сега се вршат во зздравствената установа.

-Како што ме информираше директорката, набавени се две амбулантни возила за Итната медицинска помош од сопствени средства, со што се изврши обнова на возниот парк, поефикасно, побрзо и навремено реализирање на здравствените услуги за пациентите, изјави заменичката Манолева.

Со цел подостоинствени услови за пациентите и вработените, потпишан е договор за поправки, санација на објектот „Маларична“ со примена на дограма, фасада, кров и партерно уредување. Исто така, спровена е постапка за санација на објектот амбуланта Белчишта во вредност од 7.665.280.00 денари од сопствени средства.

притисни ентер