Кинезите го копираат Ламбургини, автомобилот ќе чини само една десетина од оригиналот!!

Кинескиот Хуансу Авто, кој е во сопственост на автомобилската компанија БАИЦ подготвува на домашниот пазар на лансира евтин клон на СУВ моделот Ламборгини Урус.

Производителите од Кина досега неколку пати покажале дека немаат проблем да копираат дизајн на некој странски автомобил на својот автомобил и истиот да го продаваат на домашниот пазар по значително пониска цена од оригиналот.

Ваквите клонови се многу популарни во Кина поради цената, граѓаните не можат да го купат оригиналот но можат копијата, а Кина поединечно е најголемиот пазар за автомобили во светот .

Ламбургини е еден од авто-брендовите, чии модели многу Кинези би сакале да го видат во својата гаража.

Нуансау Авто ќе се обиде да ги оствари сништата на обичните Кинези , благодарејќи му на засега се уште неименуваниот модел кој преставува копија на Ламбургини СУВ возилото Урус.

Според кинеските медиуми, кој објавија два дизајнерски цртежи на кинескиот клон на моделот Урус, автомобилот ќе се продава по цена од 13 000 до 20 000 евра што е само една десетина од цената на оригиналниот Ламбургини Урус.

Остин разговараше со колегите од Блиски Исток и од Европа

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше со своите колеги од Блискиот Исток и од Европа, изразувајќи ја својата поддршка за Израел по нападите од Иран, но исто така ја истакна важноста на стабилноста во регионот.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше со своите колеги од Блискиот Исток и од Европа, изразувајќи ја својата поддршка за Израел по нападите од Иран, но исто така ја истакна важноста на стабилноста во регионот за да се спречи ескалација на конфликтот, соопшти Пентагон.

Израел е под притисок од своите сојузници да покаже воздржаност и да избегне ескалација на регионалниот конфликт додека размислува како да одговори на масовниот ирански напад. Началникот на Генералштабот на израелската армија изјави дека земјата ќе одговори на иранскиот напад.

Остин одвоено разговараше со бахреинскиот престолонаследник и премиер Салман бин Хамад Ал Халифа, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, неговиот германски колега Борис Писториус и катарскиот министер за одбрана Калид бин Мохамед Ал Атијах. Тој во разговорите ги осуди нападите на Иран истакнувајќи оти Вашингтон не бара ескалација на конфликтот.

- САД не бараат ескалација, ние ќе продолжиме да го браниме Израел и американскиот персонал, наведе Остин.

Тој во разговорот со Галант изрази поддршка за одбраната на Израел и ја потврдил стратешката цел за воспоставување регионална стабилност.

Австралиската полиција соопшти дека нападот во црквата во Сиднеј е терористички акт

Австралиската полиција денеска соопшти дека вчерашниот напад со нож, за време на црковна служба во близина на Сиднеј, ќе се третира како терористички акт.

Полицијата вчера уапси 15-годишно момче откако во асирската црква во Вејкли, околу 30 километри западно од Сиднеј, избоде со нож четири лица, меѓу кои и епископот на црквата. Повредените, меѓу кои е и напаѓачот се здобиле со полесни повреди.

Нападот се случи за време на проповед што се емитувала во живо на интернет.

Тоа е втор напад со нож во Сиднеј во изминатите денови. На 13 април со нож беа усмртени шест лица во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј. Напаѓачот беше застрелан од полицијата. Инцидентот не е означен како терористички акт.

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле

На ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, „Алкалоид“ ќе им донира од иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба. 

Детали за донацијата, компанијата ќе соопшти денеска, на прес-конференција на Медицинскиот факултет при УКИМ.

За иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма, „Алкалоид“ АД Скопје неодамна го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност.

- Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет „Луѓето и здравјето пред сè“, во рамките на компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, потребните количини од овој уникатен и премиум производ ќе им бидат донирани на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација, велат од компанијата.

притисни ентер