Аудито на струја наместо ретровизори ќе има камери!!

Меѓу опциите кои ќе им бидат понудени на купувачите на електричниот кросовер Е-Трон се и камери на местото на страничните ретровизори со огледало, со што се подобрува аеродинамиката на возилото.

Ауди пред промоцијата на моделот Е-трон откри неколку детали за новиот автомобил.

Меѓу другото се наведува дека електричниот кросовер со намелените надворешни ретровизори во кои наместо огледала ќе има камери ќе има коефициент на отпор на воздухот од 0,28, што е одличен резултат за едно вакво возило.

Од германскиот гигант воедно истакнуваат дека во текот на развојот на моделот на Ауди Е-Трон техничарите и инженерите минале околу 100 часови во воздушниот тунел , во обидите максимално да ги унапредат аеродинамичките карактеристики на возилото.

Според нив клучна улога во намалувањето на отпорот на воздухот им припаѓа на овие „виртуелни ретровизори“ како ги нарекува Ауди , кои ќе бидат достапни како дополнителна  опција во земјите во кои со закон е дозволено наместо надворешни ретровизори со огледала да се користат мали камери.

Покрај намалувањето на отпорот , овие камери ќе допринесат и за редуцирање на максималната широчина на возилото за 15 сантиметри.

Инаку, сликата од надворешните камери ќе се прикажува на ОЛЕД екраните кои се наоѓаат меѓу командната табла и левите и десните врати.

Ауди моделот Е-Трон ќе го претстави на 30 август во Брисел, а за следната година се најавува и уште еден модел на струја, Е-Трон спортбек.

притисни ентер