„Тесла модел 3“ : Со едно полнење неверојатни 975 километри !!!

Електричните автомобили имаат се поголема автономија, која во случајот на „Тесла моделот 3“ изнесува на хартија меѓу 350 – 500 километри.

Меѓутоа, ако автомобилот го возите доволно штедливо, да не речеме бавно или досадно, оваа бројка на изминати километри може да се дуплира.

Ако со вакво возење ги „цедите“ и последните електрони од батеријата стигнувате до „ hypermiling"  или хипер – километража.

Двајца љубители на електрични автомобили седнале во „Тесла 3 моделот“ и одлучиле да постават рекорд, на прејдени километри со едно полнење на батеријата.

На затворен пат долг 1600 метри  со висинска разлика од само 3 метри во близина на аеродромот во Денвер, двајцата авантуристи одлучиле да го остварат рекордот.

Возејќи со брзина меѓу 32 и 48 километри , тие успеале со автомобилот Тесла да прејдат точно 606,2 милји односно неверојатни  975 километри.  Овој подвиг меѓутоа имал и „трето полувреме“ . Момчињата 24 часа по поставувањето на рекордот го поврзале автомобилот со полнач и утврдиле дека батеријата не сакала да се полни.

притисни ентер