Стигнува „Бугати широн“ од коцки

Еден од најмоќните автомобили на светот ќе биде достапен во размер 1:8.

На први јуни ќе започне продажбата на „Бугати широн’ кој ќе се состои од точно 3599 делови.

Станува збор за најновиот „Лего сет“ од нивната серија „Техник“ . Медиумите шпекулираат дека бугатито широн ќе биде достапно во познатите комбинации на бои, плава и црна.

За разлика од оригиналот, кој чини „само“ 2,5 милиони долари, осум пати помалиот „брат“ ќе се продава по цена од 350 евра.

Инаку, напредните „Техник“ сетови содржат различни модели на возила, меѓу кои секако највпечатлив е моделот на „Порше 911 ГТ 3 РС, од 2704 делови.

притисни ентер