Кумуцакос: Ако решението не е добро за земјата, ние како влада одново ќе преговараме

 Решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, ние како влада одново ќе преговараме, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.

- Ако владата не постигне добро решение, бидејќи ние не веруваме во решение само за да биде решение, туку веруваме само во решение со добро решение, ако нема добро решението ние сме подготвени по изборите, како нова влада, повторно да преговараме за ова прашање, вели Кумуцакос во интервју за грчката државна телевизија „ЕРТ“, потенцирајќи дека решението треба да биде добро за земјата, а не за нив како партија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, рече дека доколку актуелната влада сепак донесе решение, тогаш тие ќе го стават под микроскоп договорот и ќе ги анализираат дури и запирките.

- Врз база на нашиот критериум, според кој, договорот го имаме опишано како комплетен, целосен, да не остава надвор ниту едно прашање, конечен, односно да не остава нерешени прашања за во иднина и секако да ја вклучува потребата за промена на Уставот, потребата за борба со иредентизмот и сл. Ние врз база на овие критериуми, ако дојде договорот, ќе земеме во раце една голема, силна, национална лупа и ќе го видиме договорот во целост, доколку се постигне, но ќе го разгледаме и секој детаљ од договорот и кога велам секој детаљ мислам дури и на запирките, бидејќи е многу критичен овој договор, доколку се постигне, рече Кумуцакос.

Тој смета дека во преговорите сѐ уште постојат нерешени прашања и потенцира дека забележува разидување на позициите на премиерот и министерот за надворешни работи.

-Од двете соопштенија, пуштени вчера од владата, едното од Министерството за надворешни работи, другото од премиерскиот кабинет, гледам разидување на тоновите. Пооптимистичко соопштението од Министерството за надворешни работи, помалку и многу внимателно, би рекол и во функција да го коригира првото соопштение во однос на оптимизмот, беше соопштението од кабинетот на Ципрас, вели Кумуцакос и додава дека освен ова, актуелната грчка Влада има уште еден проблем што „има име и презиме и се вика Панос Каменос“.

-Пред пет дена изјави дека тој самиот не гледа и не верува дека ќе има договор. Кога го изјави ова? Во исто време додека се водеа консултациите и преговорите на министерот за надворешни работи Коѕијас во Њујорк. Владата треба да ги земе предвид и внатрешните проблеми, додава одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија, говорејќи за „ЕРТ“, пренесе МИА.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

Хаос во Брисел: Сточарите фрлија арско ѓубре на улиците и прскаа по зградите (ВИДЕО)

Земјоделците неделава ги блокираа улиците во Брисел, во близина на седиштето на Европската унија, протестирајќи против прекумерната бирократија, глобалните трговски договори, новите еколошки мерки и евтиниот увоз од Украина.

На патиштата биле забележани трактори и цистерни, а земјоделците фрлале зеленчук и арско ѓубриво, пренесува АП.

Кога ситуацијата ескалира, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги држи подалеку земјоделците и нивната механизација.

Надлежните апелираа до граѓаните што повеќе да избегнуваат да доаѓаат во градот и да работат од дома.

Смрдеата на ѓубриво, запалени гуми и сено се рашири низ улиците на Брисел, но протестот вроди со плод.

Харис Џиновиќ и официјално е разведен: Мелина е никаква жена, важни ѝ се само парите

Пејачот Харис Џиновиќ денеска пристигна на првото рочиште за разводот од сопругата Мелина Џиновиќ.

Рочиштето се одржало во Белград, а Мелина не се појавила. По излегувањето од судот, Џиновиќ изгледал скршено, како што пренесуваат српските медиуми, а не ја поштедил сега веќе поранешната сопруга, тврдејќи дека таа е „никаква жена“.

„Прашајте ја зошто не дојде, немам никакво сознание. Двете страни се договорија, судот ја прифати и ја донесе пресудата. Официјално сум разведен. Се чувствувам одлично. Ова е сосема нормална работа, нема причина за славење, луѓе се согласија да не живеат заедно. Поддршката на мојот син ми значи многу“, изјавил пејачот, пишува Блиц.

"Не им верувам на жените. Мелина не е жена. Јас сум виновен што се потпирам на туѓата свест. Самата рече дека е материјалистка, ја интересираат само парите. Не ми е гајле со кого ме изневерувала. Син ми е многу лут на неа, не се каам, купував сè за неа, таа е материјалистка“, додаде тој.

Да потсетиме дека Харис и Мелина се запознале во 2003 година. Првпат ја видел во кафуле во родното Сараево, но не бил мирен додека не го добил нејзиниот телефонски број. Се венчаа по 11 години заедно во Дубровник на спектакуларна едрилица долга 88 метри. Пејачот не дозволи разводот да влијае на неговите деловни обврски и продолжи со концерти низ регионот.

Пејачот неодамна за прв пат проговори за причините за разделбата. "Таа ја знае причината, ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично сопругот кој е изневерен последен дознава", рекол Харис.

„Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Јас малку би го негирала тоа. Ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ниту јас не сакам да бидам со тебе“, заклучил пејачот. Тој додаде дека разводот не бил тежок за нивните деца Џина (20) и Кан (18), бидејќи тие се веќе полнолетни.

притисни ентер