Најдобар и надвор од терените: Страсно бакнување, после големата победа (фото)

Кристијано Роналдо синоќа по петти пат ја освои Лигата на Шампионите.

Социјалните мрежи се преполни со коментари за недостатокот на еуфорија на неговото лице, а најмногу внимание после случувањата привлече неговата девојќа Георгина во друштво на неговиот син Кристијано Јуниор.

Георгина го носела дресот на Реал и огромна торба од Шанел, а своето момче страсно го бакнала на теренот.

 

Иако сите играчи беа исцрпени после натпреварот, радоста не изостана, на титулата најмногу се радуваа наследниците на познатите фудбалери.

 

Ready for the match #cristianoronaldo #cristianojr #georginarodriguez #doloresaveiro

A post shared by CR7_Kids (@cr7kids_updates) on

Red Hot Chili Peppers одржа спектакуларен концерт пред пирамидите во Египет (ВИДЕО)

Групата Red Hot Chili Peppers настапи пред околу 10 000 гледачи пред големите египетски пирамиди во Гиза.

Концертот се одржа на 15 март , а сега на социјалните мрежи станаа популарни голем број видеа од спектаклот. Американскиот бенд настапи на сцена , која изгледа како историска  градба. Настапот го отвориле со песната "Can't Stop" од нивниот албум "By The Way" од 2002 година.

Серијата концерти , што се одржуваат со поддршка на египетското Министерство за туризам се одобрени поради се помалиот број туристи во земјата поради терористичките напади.

Пред Пеперсите , на овој познат археолошки локалитет настапуваа Грејтфул Дед, Скорпионс и Френк Синатра.

Ја бутнала својата најдобра пријателка од 15 метри висок мост и нема да оди во затвор (ВИДЕО)

Судот во округот Кларк во американската држава Вашингтон ја прогласи виновна 19 годишната Тејлор Смит , која од 15 метри висок мост ја турна својата 16 годишна пријателка Џордан Холгерсон.

Смит ја призна вината откако се договори со родителите на нејзината пријателка , со што ја избегна затворската казна. Таа на судското рочиште на 27 март ќе биде казнета на парична казна и на општо корисна работа , а нема да оди во затвор. Ќе носи и уред за ограниќено движење , што значи дека извесен период , во зависност од пресудата , ќе помине во домашен притвор.

Тејлор е обвинета затоа што од мост ја турнала својата пријателка , која паднала во реката на стомак и се здобила со тешки повреди. Мајката на Џордан тврди дека имала среќа што не е мртва или парализирана. Девојчето при падот скршила пет ребра, го повредила душникот и хранопроводот и има пнеумоторакс.

Сега е во болница и се опоравува од повредите од инцидентот во август минатата година.

На видеото што го објави нивна пријателка се гледа како Џордан стои на мостот и се плаши да скокне , но Тејлор и одбројува и во еден момент ја турна од мостот висок 15 метри и девојчето паѓа во водата на стомак.

И папараците уживаа во одбојката на атрактивната Алесандра Амброзио (ФОТО)

Убавата бразилска манекенка Алесандра Амброзио , не е веќе главнен ангел на Викторијас Сикрет , па сепак привлекува внимание каде и да се појави.

37- годишната атрактивна манекенка играше одбојка во мини бикини на радост на папараците.

Таа со пријателите е фотографирана додека игра одбојка на песочна плажа во близина на Лос Анџелес. Откако ги забележа фотографите , таа облече бела маица и продолжи да позира.

Поранешната манекенка е мајка на две деца, 10 годишната Ања и 6 годишниот Ноа , со кои до пред неколку дена беше на скијање во американскиот ски центар Аспен.

притисни ентер