Пушачите се помрзливи и депресивни

Бразилски научници откриле дека пушачите се помалку физички активни и страдаат од недостаток на мотивација. Тие се и посклони на анксиозност или депресија.

Испитани се 60 пушачи и 50 непушачи, кои требало да носат педометар најмалку 12 часа на ден во текот на 6 дена.

Резултатите покажуваат дека пушачите оделе помалку секој ден, а функцијата на белите дробови им е намалена. Тоа значи дека тие се понеспособни да вршат физички вежби.

Пушачите сами признаваат дека се чувствуваат уморни и немаат мотивација за промена на начинот на живот.

„Колку што знаеме, ова е прво истражување од ваков вид, што покажува пад на нивото на физичка активност во секојдневниот живот на возрасни пушачи во споредба со непушачите. Освен намалената функција на белите дробови, квалитетот на животот и симптомите на анксиозност и депресија, пушачите се движат помалку во секојдневниот живот “, вели раководителот на истражувањето д-р Карина Фурлането.

Претходното истражување покажува дека пушачите спијат помалку  и се одмораат помалку за време на спиењето во споредба со непушачите.

17% од пушачите спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта, а 28% признаваат дека сонот им е немирен. За споредба – само 7% од непушачите спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта, а 19% го дефинираат сонот како немирен.

Пронајдено местото каде што потонал бродот на легендарниот Џејмс Кук

Археолозите веруваат дека го пронашле местото каде што потонал бродот „Ендевор’ на легендарниот англиски морепловец Џејмс Кук.

Имено, Археолозите од Роуд Ајленд“ сметаат дека бродот се наоѓа близу до брегот на американскиот континент, поточно недалеку од Гоат Ајленд.

Според Фокс Њуз ова откритие би можело да ја реши една од најголемите морски мистерии.

Според истражувачите локацијата на потонатиот „Ендевор“ конечно ќе биде утврдена до 2020 година кога ќе се одбележува 250 годишнина од доаѓањето на Џејмс Кук во Австралија. 

Капетанот Кук на овој брод кој служел за превоз на јаглен во 1768 година го започнал своето патување за мапирање на Тихиот океан.

Токму на овој брод славниот Кук ги исцртал картите на Нов Зеланд и Австралија каде прв пат стапнал во 1770 година.

Инаку  бродот „Ендевор“ заедно со уште 12 бода потонал за време на големата бура во 1778 година и од тогаш му се губи трагот.  

Ја нарече “коњско лице“, а таа веднаш му удри на егото

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекол “коњско лице“ порно актерката Сторми Даниелс, откако Сојузниот суд во Лос Анѓелес ја отфрлил нејзината тужба за клевета која ја поднела против претседателот на САД.

Судијата пресудил дека претседателскиот твит за кој Даниелс тврди дека е клевета, всушност е право на претседателот на слобода на говор загарантирано со Првиот амандман на американскиот устав.

„Сега можам да ја нападнам “Коњско лице“ (Horseface) и нејзиниот третокласен адвокат“ – напишал Трамп од Белата куќа.
 

Актеракта тврди дека Трамп во 2006 година имал сексуална врска во време кога неговата сопруга Меланија го родила неговиот син.

Сторми веднаш му одговори на претседателот на Твитер.

„Дами и господа, ви го претставувам вашиот претседател – порачала и го обвинила дека “уште еднаш“ ја покажал “својата некомпетентност, својата омраза спрема жените и неспособноста да се контролира“.

„Готово е, малечок“ – заклучи Даниелс.

„Годзила се врати”: Џиновски алигатор ги преплашил голферите на Флорида (видео)

Било тоа обичен ден за голферите на Флорида, се додека не го забележале долгогодишниот жител – четири и пол метри долгиот алигатор познат под прекарот Чабс.

Пред 12 октомври, тој за последен пат бил забележан во 2016 година.

„Никогаш не знаете на што ќе наидете на голф терен“ – напишал Сејџ Стрицни на Фејсбук, под видео снимката на која можеме да видиме како алигатор шета меѓу преплашените голфери, пишува „Индекс.хр“.

Славниот алигатор станал интернет сензација откако е снимен како талка по голд теренот пред две години, иако го имаат забележано и претходно.

„Годзила се врати“, “ова е најголемиот алигатор кој некогаш сум го видел“ – се некои од коментарите на социјалните мрежи.

 

притисни ентер