Фармер убил мистериозно суштество, научниците во чудо (фото)

„Ушите му беа преголеми, нозете прекратки, канџите предолги. Стапалата мали, крзното изгледа чудно. Нешто не е во ред со ова суштество“ – изјавиле научниците.

Еден фармер во Монтана убил суштество кое наликува на волк, откако го забележал во близина на својот добиток.

Сепак, официјалните лица изјавуваат дека не станува збор за волк или куче.

„Нема да знаеме што е се додека не стигнат резултатите од ДНК тестирањето“ – изјавил Брус Ошли, портпарол на Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана.

Една од теориите е дека животното настанало со вкрстување на волк и куче. Според други теории, станува збор за млад гризли или хибрид којот.

Одделението за риби, диви животни и паркови на Монтана соопшти дека станува збор за женка која му припаѓа на семејството на кучевидни ѕверови. Тоа вклучува кучиња, лисици, којоти и волци.

Инаку, ловот на волци е дозволен во оваа американска сојузна држава, па така секој граѓанин има право да убие волк доколку се најде на неговиот имот.

Според проценките на експертите, ширум Монтана во моментов живеат околу 900 волци.

Шест годишно девојче силувано па убиено

Девојчето било на свадба во моментот кога било киднапирано

Шокантно видео објави полицијата на Индија на кое се гледа како 6 годишно девојче е одведено од свадба за подоцна да биде силувано и претепано во блиска шума.

Девојчето било пронајдено во шумата а нејзиното лице било толку изобличено од тепање што не можело да се идентификува лесно.

На видеото се гледа како девојчето се движи со мажот и во еден момент девојчето почнува да бега но се предомислува и повторно оди кај човекот.

Едно лице е уапсено во врска со инцидентот, и тој бил вработен како келнер на свадбата.

Фармер ги хранел своите животни со мртви овци (вознемирувачки фотографии)

Фармерот бил осуден на казна затвор

Фармер кој имал стотици животни на својата фарма бил прогласен за виновен, ќе помине 8 месеци во затвор откако било откриено дека чувал животни во многу лоши услови и ги оставал да умрат од глад. Мртвите животни служеле како храна на свињите.

Судот исто така издал и забрана за чување на било какви животни на оваа фарма.

Жена тврди дека урината од нејзиното куче и помага да се справи со акните на лицето (вознемирувачко видео)

Жената тврди дека урината може да го излечи  дури и најтешкото заболување.

Американката Лин Луј изјавила дека пие секојдневно урина од нејзиното куче. Таа тврди дека со тоа лицето и изгледа помладо и дека урината од кучињата помагаат и при лекување на рак.

Таа во следното видео ќе ви покаже како изгледа собирањето и пиењето урина од вашиот миленик:

Дали вие би се осмелиле на ваков третман?

притисни ентер