На поранешната сопруга и пратил илјадници СМС пораки и завршил во затвор

Маж доби шестмесечна условна казна затвор , зашто на поранешната сопруга за шест недели и пратил 7648 пораки на мобилен.

Судот во австрискиот град Клагенфурт го осуди триесет годишниот маж, по потекло од Романија,  поради следење и заканувачки текстови што и ги праќал во пораките. На почетокот на годинава брачниот пар се развел по шест години во брак.

Поранешната сопруга во судницата рекла дека не сметала дека мажот би ја нападнал и покрај тоа што педесетина од пораките биле заканувачки. На прашањето на судијата како успевал и да оди на работа и да пишува толку многу пораки , тој одговорил дека по 190 пишувал ноќе.

По судското рочиште мажот ветил дека веќе нема да ја малтретира поранешната сопруга и дека ќе плаќа алименатација за заедничкиот син.

Шест годишно девојче силувано па убиено

Девојчето било на свадба во моментот кога било киднапирано

Шокантно видео објави полицијата на Индија на кое се гледа како 6 годишно девојче е одведено од свадба за подоцна да биде силувано и претепано во блиска шума.

Девојчето било пронајдено во шумата а нејзиното лице било толку изобличено од тепање што не можело да се идентификува лесно.

На видеото се гледа како девојчето се движи со мажот и во еден момент девојчето почнува да бега но се предомислува и повторно оди кај човекот.

Едно лице е уапсено во врска со инцидентот, и тој бил вработен како келнер на свадбата.

Фармер ги хранел своите животни со мртви овци (вознемирувачки фотографии)

Фармерот бил осуден на казна затвор

Фармер кој имал стотици животни на својата фарма бил прогласен за виновен, ќе помине 8 месеци во затвор откако било откриено дека чувал животни во многу лоши услови и ги оставал да умрат од глад. Мртвите животни служеле како храна на свињите.

Судот исто така издал и забрана за чување на било какви животни на оваа фарма.

Жена тврди дека урината од нејзиното куче и помага да се справи со акните на лицето (вознемирувачко видео)

Жената тврди дека урината може да го излечи  дури и најтешкото заболување.

Американката Лин Луј изјавила дека пие секојдневно урина од нејзиното куче. Таа тврди дека со тоа лицето и изгледа помладо и дека урината од кучињата помагаат и при лекување на рак.

Таа во следното видео ќе ви покаже како изгледа собирањето и пиењето урина од вашиот миленик:

Дали вие би се осмелиле на ваков третман?

притисни ентер