Лажниот премиер на Ерменија , а всушност руски комичар , кој го објави разговорот на социјалните мрежи , се консултирал со Бритаскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон за наводната средба со Путин.
Џонсон , кој поверувал дека се работи за новиот Ерменски премиер Никола Пешинијан , му честитал на победата на изборите. Од другата страна лажниот премиер го известил Џонсон дека наскоро во Сочи ќе има средба со Путин и го прашал што да прави.
На тоа Џонсон го советувал : ,, Многу е важно , господине премиер , да не избие нова Студена војна .” Џонсон се насмеал кога соговорникот ја пофалил неговата навредлива песничка против Ердоган .
Сепак , најголемиот дел од 18 минутнииот разговор , тој е убеден дека разговара со премиерот на Ерменија. Дури по 14 минути разговор , Џонсон сакал да го прекине разговорот и рекол ,,Многу ви благодарам премиере !”.
Сето ова било местенка на руските комичари Алексеј Столиаров и Владимир Кузњецов , познати на интернет по имињата Вован и Лексус.