Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Лидерот на терористите во Шри Ланка се разнел во еден од нападите (ВИДЕО)

Наводниот лидер на нападите во Шри Ланка на католичкиот Велигден загинал во еден од нападите, соопшти претседателот на земјата Маитрипала Сирисена, пренесува Би-Би-Си.

Сирисена изјави дека се работи за Захран Хашим, кој бил радикализирани проповедник, а загинал во еден од хотелите во кој е извршен бомбашки напад во Коломбо.

Токму Хашим го предводел нападот врз популарната туристичка дестинација, придружуван од втор бомбаш-самоубиец, идентификуван како „Илхам“.. Најмалку 250 луѓе загинаа во серија од бомбашки напади минатата недела, чија цел беа повеќе цркви и елитни хотели на повеќе локации во Шри Ланка.

 Претседателот на земјата исто така рече дека разузнавачките служби во Шри Ланка имаат околу 130 осомничени поврзани со нападите на групата која има врски со Исламската држава, додека полицијата сè уште трага по 70 лица кои се во бегство.

Ким: Мирот на Корејскиот полуостров ќе зависи од САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток изјави дека мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров во целост ќе зависи од идниот став на САД.

,,Ситуацијата на Корејскиот полуостров и во регионот сега ја достигна критичната точка, од која би можела да се врати во првобитната состојба откако САД зазедоа унилатерален став во лоша смисла на неодамнешниот, втор по ред, самит и преговори помеѓу Северна Кореја и САД, наведе Ким.

Агенцијата исто така објави дека Русија и Северна Кореја се договориле да преземат позитивни мерки во повеќе области со цел да ја унапредат соработката, вклучително и во економијата, трговијата, науката и технологијата, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Макрон: Франција не е на погрешен пат

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговата земја не се наоѓа на погрешен пат и најави нови реформи како одговор на протестите на „Жолтите елеци“.

,,Се запрашав дали треба да прекинеме се што е направено во изминатите две години, дали сме на погрешен пат, но јас верувам во спротивното, истакна Маркон синоќа на една од ретките прес-конференции како одговор на повеќе месечните протести на „Жолтите елеци“.

Тој нагласи дека мора да се обезбеди подобро функционирање на јавните услуги во помалите места и „мора да се гарантира пристап за сите здравствени служби, како и да се гарантира дека ниту едно училиште или болница нема да бидат затворени без одобрение на градоначалниците“.

Макрон се осврна и на пензиите, додавајќи дека Владата планира да ги зголеми најниските пензии со растот на инфлацијата..

притисни ентер