Френк и Џенифер Масабки барале идеално место каде ќе се венчаат , но наместо романтика , биле нападнати , ограбени под закана со оружје и серионо претепани. Џенифер за малку ќе била силувана и заработила скршен нос , поради што понеколку дена завршила на операција. Откако успеале да побегбнат , отишле целите крвави во полициска станица во Мексико Сити.
Нападот почнал во такси , кога се качиле да се повозат низ градот за да најдат место за венчавка . По извесно време , во возилото влегле двајца вооружени , ги ограбиле и ги натерале да им дадат контакт во САД , за да се јават и да добијат откуп за нив.
Неколку часа ги држеле во заложништво и ги тепале. Кога се нафрлиле врз Џенифер за да ја силуваат , Френк успеал да се одврзе , избегал , а криминалците тргнале да го бркаат . Прво ја врзале Џенифер , но и таа некако се одврзала. Се качила на дрво, таму се скрила и чекала да дојде Френк со полицајците.
Откако дале изјави во полицијата , веднаш се вратиле на Флорида и биле сместени во болница.
Велат дека најмногу им помогнало тоа што биле во одлична физичка кондиција и што разбирале шпански , па знаеле кои се намерите на напаѓачите.