Сигурна смрт или не:Дали знаете колку далеку може да лета авион ако му откажат сите мотори?

Се случило еднаш...

Тоа што пилотите не го знаеле е дека горивото течело цело време на патот од Торонто до Лисабон. Кога откажал првиот мотор, донесена е одлука авионот принудно да слета на Азорски острови.

Не долго потоа откажал и вториот мотор, па екипажот, кој зад себе имал повеќе од 20 000 часа искуство, продолжил да едри во воздухот уште околу 120 километри. Авионот бил успешно приземјен, а инцидентот влегол во историјата како најдолгиот авионски лет без помош на мотор, пишува британски Телеграф.

Приказната за летот на компанијата Ер Трансат е потсетник дека дури и ако сите мотори откажат се уште постојат големи шанси патниците безбедно да слетаат на земја. Пилотот Патрик Смит во неговата книга "Cockpit Confidential" објаснува дека без погон на моторите висина на летот на авионот на секој 16 километри оддалеченост опаѓа за околу 1,6 километри. Тоа значи дека патнички авион, кој во просек лета на 10 километри надморска височина, може да едри уште околу 100 километри пред да ја допре земјата. Сепак, брзината и аголот на понирањето не се секогаш исти.

Во 1982 година на летот на компанијата Бритиш ервејз од Окланд на Нов Зеланд кон Монт Галунгунг во Западна Јава во Индонезија, се случило да откажат сите четири мотори. Со однос на едрење од 15:1, екипажот сфатил дека на располагање имаат уште само 23 минути, пред да се удрат од земјата, а дека пред нив се наоѓа пат од 146 километри. Како што авионот се доближувал до Џакарта, каде требало принудно да слета, така ненадејно проработил прво едниот мотор, по него вториот, а тогаш и преостанатите два. Во инцидентот немало повредени. Смит наведува дека едрењето се одвива многу почесто од што патниците и се свесни за тоа.

-Процесот отприлика наликува како спуштање на автомобилот по удолница без притискање на педалата за гас“, појаснил.

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

притисни ентер